Таг: арсен венгер

Најлудата зафрканција за јакната на Арсен Венгер

Нема навивач на Арсенал и гледач на Премиер лигата кој не ја видел долгата јакна на Арсен Венгер, која му стана моден белег. Имало 300 заебанции на таа тема, ама ова е врвот. Долгата јакна бара и подолго скролање кое ќе ви се исплати кога ќе го пуштите клипот.

На Емирати се скандираше за Венгер кој се врати по 4 години

Човекот со кој заврши една ера од 1.235 меча како тренер на Арсенал и кој им донесе 3 титули во Премиер лига, 7 ФА Купови и 7 Комјунити Шилд, се врати како гледач на трибините после 4 години. Арсенал го доби градското дерби против Вест Хем со 3:1, а навивачите пееја: „Има само еден Арсен Венгер“. Топџиите се први со 13 победи после 15 кола.

Љубовен клип со Мурињо и Венгер

Некој добро поткован фанатик за фудбал, седнал на монтажа и си играл со зборовите на двајцата славни тренери. Ама ептен јако си играл, како за Валентајн.

Венгер: октомври да биде месец само за репрезентативен фудбал

Откако ФИФА решила да направи студија на изводливост и потенцијли и последици од евентуални реформи за Светско првенство на секои 2 години, денес од состанокот во Доха стигнаа и нови идеи.

Не им е доста, од лакомост сакаат да направат Светско првенство на секои 2 години

Идејата за Мундијал на секои две години со која би се обесмислила дражта и убавината на Светско првенство, за некое чудо проистекнува од еден од најголемите борци за правда и спортско витештво, Французинот Арсен Венгер.

Расказот на Арсен Венгер за тоа што може една будалетинка да ти направи

Душевната болка која што ја претрпел Арсен Венгер а предизвикана од една гнасна, одвратна клевета која се скандирала на стадионите на Манчестер Јунајтед и Тотенхем, ја пренесува во неговата автобиографија и вели дека уште нема одговор зошто тоа му го направиле.

Како Венгер го договорил Велбек додека чекал ред кај Папата во Ватикан

Големиот Арсен Венгер масовно ја промовира својата автобиографија: дава големи интервјуа, зборуваше за Мурињо и раскажува еден куп настани од фудбалскиот живот.

Жозе зошто те нема во книгата на Венгер?

Време е да се вратиме кај Специјалниот после она епско мерење на пречката на Градски и да чуеме што има да одговори на новинарско прашање, зошто го немало во биографијата на легендарниот тренер на Арсенал со кој биеа многу битки на островот.

Кога Бергкамп го набуцкал Венгер да го купи стоперот од Латвија Степановс зошто му бил смешен

Ниту еден играч никогаш и никаде не можел да влијае на строгиот Венгер како што можел Денис Бергкамп. Сведоците од времето тврдат дека Арсен имал доверба само во Холанѓанецот која што овој еднаш ја искористил за да прави мајтап во базата. И биднал мајтап.

Документарецот на Нетфликс за синонимот за скандали Никола Анелка

Французинот кој смени многу клубови, освои скоро сè што може да се освои, виде различни земји и култури, но се памети по пискиот јазик и конфликтниот карактер кој ги излудуваше тренерите и селекторите.

Венгер научил како се хранат Јапонците, го применил тоа и станал непобедлив со Арсенал

Легендарноста на Арсен Венгер во Арсенал може да се опише со еден збор: непобедливост.

Цигарата во соблекувална која му ја смени кариерата на Шчесни

Денес Војчех Шчесни е еден од најдобрите голмани во Серија А и двократен шампион на Италија со Јувентус. А во 2015-та беше еден од вечно најкритикуваните голмани на Арсенал.

Со Венгер на тренинг

Додека играчите трчаат кругови, се истегнуваат или работат нешто трето, францускиот професор знаеше да си поигра со некоја слободна топка. И да покаже дека во младоста не залудно бил професионален фудбалер во француски клубови.

Последниот европски трофеј Арсенал го освои пред 25 години

Ако сте заборавиле или не сте знаеле, Купот на Куп победници беше европски турнир кој поживеа од 1960-та до 1999-та година. Во него играа победници на купови во своите земји, сериозни екипи, а еднаш го освои и Арсенал.

Венгер имаше дриблинг или обид за дриблинг со Зидан?

Да бидеме сериозни и да признаеме, а и Арсен да признае дека тоа не може да се случи, па макар Зидан реши да стои. Од хуманитарниот меч во Франција, бајаги сајтови го ребрачат легендарниот стратег на Арсенал дека имал некаков си обид за дриблинг против кралот за таа работа. 

Како еден морон со лизгачки старт му ја уништи цела кариера на Абу Диаби

Напален копиљ се спрема да дебитира пред своите навивачи. Тренерот уште толку го остри на 15 минути пред крај: „Влези и покажи од што си скован“. Идиотот влегува во игра и во последните секунди кога е готово, прави нешто што ќе уништи две кариери.

Заборавивте на Венгер? Ене го се појави во музички спот

Арсен Венгер не тренира повеќе од пола година. Го поврзуваа со Баерн наместо Ковач (управата на Баварците демантираше), па со Фулам (Венгер одбил) и во репрезентацијата на Катар.

Во солзи го напушти Челси и отиде да го спасува другарот Анри

Во текот на мечот Челси - Нотингем Форест од ФА Купот, целиот „Стемфорд Бриџ“ сфати дека овој натпревар ќе биде последен за Сеск Фабрегас не само за Челси туку и воопшто во Англија.

Венгер се отвори за вечните проблеми со патентот

Нема навивач на Арсенал, па и редовен гледач на Премиер лигата кој не го има забележано Арсен Венгер како се мачи покрај аут линијата да ги закочна тоа долгите јакни до колена. Ама 100 пати ја имаше истата мака, како намерно да му даваа расипан патент.

Емери во стилот на Клоп

Ако сакаш да го прашаш Мурињо за поразот од 3:0 од Тотенхем, ќе си одиш дома искаран, а ако сакаш да се релаксираш и насмееш ќе се упатиш на прес конференција кај Арсенал. 

Венгер го почна говорот со Фергусон

Сè започна на стадионот Хајбери на 19 октомври 1996-та против Ковентри, а официјално ќе заврши на 13 мај на гости против Хадерсфилд. Со оваа 22 годишна врска, завршува една ера во таборот на Топџиите.

Трогателната средба меѓу Венгер и Алекс Фергусон

Пред големото дерби Манчестер Јунајтед - Арсенал во неделата попладне, двете легенди кои ги обележаа претходните децении се сретнаа на „Олд Трафорд“. Французинот доби големи овации од ривалските навивачи.

Топ 10 изјави на „Професорот“

Еден од најдобрите тренери на светот знаеше да изненади пријатно на неекоја од многуте прес-конференции и со изјава да ги засмее новинарите. Не како Мурињо, туку пристојно како што само тој умее.

Најдобрите моменти на Венгер во Арсенал

Денес се случи нешто епохално: Арсен Венгер објави дека заминува од клубот по крајот на сезоната. Кои беа неговите најзначајни моменти со „Топџиите“?