Таг: арсенал

Трите спорни одлуки на Емирати кои кренаа голема врева

Реал и Сити режираа величествена фудбалска претстава со 6 гола, пресврти и атрактивни погодоци за најавни шпици. На другиот меч меѓу Арсенал и Баерн (2:2), на големо се дебатира за судењето. И двете екипи се убедени дека се украдени со по еден чист пенал.

Бен Вајт од Арсенал ќе ви покаже како се игра еден на еден

Арсенал го доби Лутон 2:0 и изби прв на табела во Премиер лигата, пред вечерашниот дуел на Ливерпул против Шефилд Јунајтед. Погледнете што му направи Бен Вајт на својот чувар. Ни иде да го гушнеме.

Јако ЛШ ретро извади УЕФА од пред 15 години

Се работи за сезоната 2008/2009 и она единствено финале меѓу Меси и Роналдо, односно Барселона и Манчестер Јунајтед кое го доби Аргентинецот. Во полуфинале момците на Фергусон го елиминираа Арсенал на Венгер. Погледне како почнува клипов, со ненормално добар слободен удар на Роналдо, кој тука има 24 години.

Јунакот на Порто во 94-та, имаше невидено двојно промашување

Ништо не е решено ниту на еден од четирите осминафинални средби во ЛШ, одиграни оваа недела. Порто обезбеди минимална победа против Арсенал од 1:0 во финишот, а стрелецот на голот, Бразилецот Галено во првиот дел имаше два, едно по друго лудачки удари кои беа непрецизни. Втората ја фати на волеј, а потоа за глава се држеше.

Трпеливата акција на Арсенал на која Ливерпул немаше одговор

60 секунди, 18 додавања. Навидум бавно и со цел да се извади топката од своја половина, ама сепак организирано, со завршница по мерка за 1:0 по само 14 минути игра. Ливерпул 61 бод, Арсенал 59, Манчестер Сити 46 со два меча помалку. Ќе гледаме ли жестока битката за титулата во Премиер лигата со три екипи?

Најјакиот тимски гол на Арсенал слави 10 годишнина

Уште е Венгер тренер, а триото кое го изрежира ова фолшебно фудбалско сценарио се состои од Санти Казорла, Оливие Жиру и Џек Вилшер. Не можеш да ги пофатиш со гледање, а не па да им ја земеш. Страшно добра акција.

Атмосферата од ЛШ која вреди да се издвои

Потсеќа на Енфилд Роуд и „You never walk alone“, ама не е тоа, туку полувремето од мечот Ленс - Арсенал. Прекрасна мелодична нумера со силен навивачки хор. Браво за навивачите на Ленс. Преубаво.

Бекот на Арсенал да ви покаже како се игра под притисок

Французинот Вилијам Салиба има само 22 години, ама и голема самодоверба и чувство за градење на топка со некои убави атрактивни примеси на дриблинг. Погледнете го како им предизвика воздишки на навивачите на Арсенал.

Се знае ли овде кој кого сака да тепа и зошто?

Арсенал загуби 2:0 од Манчестер Јунајтед на пријателски дуел во САД. На трибини воопшто не беше пријателска атмосферата меѓу навивачите на Арсенал кои се тепаа меѓу себе. На никој не му е јасно зошто е оваа шабанска лакрдија и кој од чија е? Какви глупаци и тој што пробува да двои е крив.

Лоб на Жезус ала Меси, страшен пас на Одегард и деби гол на Хаверц

Засилените Топџии тргнаа убедливо уште на подготовките пред новата сезона која ја стартуваат за три недели. 5:0 ги декласираа ѕвездите на МЛС со убавина од потези и голови.

Мајсторија од пола терен на Емирати

По регуларните 1:1 и вкупни 3:3, Спортинг го исфрли Арсенал од Лига Европа на пенали, а го постигна и голот на колото. Ремек делото е на 24 годишниот Педро кој го измами Арон Рамсдејл со скроз неочекуван волеј од 50 метри.

Оптимистички муабет на навивач на Арсенал кој стана погубен

Напатените топџии кои 19 години сонуваат за титула во Премиер лига ја прокоцкаа долгата лидерска предност и сега со натпревар помалку се втори зад Манчестер Сити со кој имаат ист број на бодови. Некој тоа го прогнозирал, промашувајќи само еден гол кој секако не менува ништо.

Пазете го сега Египќанецот колку ќе се изнаигра на лондонското дерби

Навивач од трибини со мобилен ја лови последната измена на мечот Арсенал - Вест Хем 3:1. Во игра влегува Мохамед Елнени на местото на Томас Парти. Му изброија дури 22 секунди на терен, по што судијата свири крај. Еден пишал дека со оваа партија докажал дека е новиот Пирло.

Кое е 15 годишното дете на Арсенал на кое навивачите му пееја дека утре ќе оди во школо?

Итан е толку млад, што треба да биде среќен што воопшто го има на Википедија и треба да биде пресреќен што доби шанса за настап во Премиер лига. Ниту еден друг играч роден 2007-ма не настапил во топ 5 лигите во Европа. Уште не бил роден кога Зидан се пензионираше.

Трол за Арсенал од навивачите на Њукасл

Им го „одземаа“ во претпоследно коло со победа од 2:0, па уште им пејат на таа тема за да ги дотепаат. Само пораз на Тотенхем од Норич, а победа на Арсенал над Евертон може да донесе пресврт во недела на табела.

Очај и гнев кога осма година по ред ти бега ЛШ

На специјалистот за четврто место во Премиер лига веќе му стана недостижно тоа пусто четврто место. Синоќа загубија од Њукасл, кој не се бори за ништо и во последно коло влегуваат како петти со -2 зад Тотенхем. Очајот на еден ист навивач снимен две сезони по ред. Бара да им се вратат парите на навивачи кои биле на гостување.

Необична случка со навивач кој се врза за стативата на Емирати

Во терминот за ЛШ, синоќа се играа и две средби од Премиер лигата. На мечот Арсенал - Ливерпул имаше необичен инцидент или како и да се вика ова.

Оди види дали сум таму

Фудбалерите на Арсенал со 5:1 го елиминираа Сандерленд во Лига Купот, а најатрактивната игра еден на еден ја имаше Николас Пепе, кој го понижи противникот.

Голчиште на Евертон во 92-ра минута за пресврт и победа над Арсенал

Евертон славеше 2:1 против Арсенал на последниот меч од 15. коло во Премиер лигата, а мечот го реши Демаре Греј со јак гол во судиското продолжение. „Гудисон парк“ еруптираше, а голманот на Топџиите само ја гледаше топката.

Чудниот гол кој го прими Манчестер Јунајтед

Убаво дерби одиграа Манчестер Јунајтед и Арсенал со 5 гола и победа на домаќините од 3:2. Мечот го отворија гостите преку Емил Смит Роу во 13 минута по една глупава ситуација. Фред успеа да си го повреди голманот, па на ударот немаше кој да се фрли.

Влаховиќ нема ни да им крене телефон на Арсенал

Не е лесно да си навивач на Арсенал. Едно што треба да патиш поради резултатите, а друго што треба да се објаснуваш со навивачи на појаки екипи и да ти е глупо кога ќе се појави предвидување како ова горе.

Детето на Арсенал даде чудесен гол

Арсенал конечно да победи убедливо. Додуше го начекаа Вимблдон во Лига Купот па го совладаа лесно и комотно со 3-0. Лаказет и Емил Смит Роу ги доведоа „топџиите“ во водство од 2-0 а третиот гол на младиот шпиц Еди Нкетија (22) ќе се збори сезонава.

Детето кое го направи најубавиот кадар на месецот во Премиер лига

Премиер лигата стартуваше, Брентфорд заигра во најдобро друштво после цели 74 години и го урна големиот Арсенал со 2:0. Мечот пред преполни трибини донесе многу емотивни кадри, а еден беше многу посебен.

Кадар на денот: 74 години генерации и генерации го чекаа моментот па се расплакаа

Сезоната 2021/2022 во англиската Премиер лига стартуваше во западен Лондон. Новиот премиерлигаш Брентфорд го пречека и совлада Арсенал.