Формата на полуфиналистите во ЛШ и нивните претходни дуели

Кралевите во својата историја одиграле вкупно 26 полуфиналиња и имаат скор од 13 победи и 13 порази, а за Манчестер Сити ова ќе биде прво. Историјата зад овие две полуфинални двојки е куса.

Манчестер Сити и Реал Мадрид имаат само едно соочување во Лигата на шампионите, а тоа се случи во групната фаза од сезоната 2012/2013. Реал победи дома 3:2, а на Етихад беше 1:1.

АЛЕТИКО МАДРИД
Последно полуфинале: 2013/2014 (вкупни 3:1 против Челси)
Досегашни полуфиналиња: 2 победи и 2 порази
Оваа сезона: 5 победи, 3 нерешени и 2 порази
Најдобар стрелец: Антоан Гризман 6 гола

БАЕРН МИНХЕН
Последно полуфинале: 2014/2015 (елиминација со 3:5 од Барселона)
Досегашни полуфиналиња: 10 победи и 7 порази
Оваа сезона: 7 победи, 2 нерешени и 1 пораз
Најдобар стрелец: Роберт Левандовски 8 гола

Малку за раскажување има и кај оваа двојка која исто така имала само една или практично две средби. Тоа се случи во финалето од ова натпреварување во 1974 година кое заврши 1:1. Во продолжението и двете екипи постигнале уште по еден гол и бидејќи тогаш не се изведувале пенали, по два дена играле од ново. Баварците на стадионот Хејсел во Брилес славеле 4:0, а двојни стрелци биле Ули Хенес и Герд Милер.

МАНЧЕСТЕР СИТИ
Прво полуфинале
Оваа сезона: 6 победи, 2 нерешени и 2 порази
Најдобар стрелец: Кевин Де Брујин и Рахим Стерлинг по 3 гола

РЕАЛ МАДРИД
Последно полуфинале: 2014/2015 (елиминација од Јувентус со 2:3)
Сите полуфиналиња: 13 победи и 13 порази
Оваа сезона: 8 победи, 1 нерешена и 1 пораз
Најдобар стрелец: Кристијано Роналдо 16 гола