Таг: полуфинале

За полуфиналето во ЛШ 2003: Никогаш не сум судел толку напнат меч, сè уште им ги слушам гласовите на Матераци и Гатузо

„Тоа беше најкомплицираниот натпревар во мојата кариера. За да имам поголема концентрација, последните неколку минути пред стартот ги поминав сам во соблекувална и на глас ги читав имињата и бројките на играчите. Не смеев ништо да погрешам“, се сеќава главниот судија Жил Вејсиер.

Атомски фудбал, Италија после пенал драма до големо финале!

Во првото полуфинале на Европско првенство, на „Вембли“ гледавме фантастичен фудбал, продолжетоци и пенали чиј рулет отиде на страна на Италија

На „Вембли“ ќе има 60.000 ама без многу Данци, Шпанци и Италијанци

На 22 јуни се обелодени дека британската влада ќе допушти 60.000 гледачи за полуфиналните дуели (6 и 7 јули) и финалето на Евро 2020 (11 јули). Но меѓу нив практично ќе нема гости од Данска, Италија и Шпанија.

Судија, само да ти кажам, си ми го утнал бројот

Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Сити, главниот творец на најголемите клупски успеси, Серхио Агуеро синоќа доби шанса од клупата на 5 минути пред крајот од реваншот со ПСЖ. Ама не му беше јасен четвртиот судија кој му ја утнал бројката па Кун гледаше збунет.

Ја видовте ли прославата на Нејмар пред Кимих?

Од десетина неверојатни шанси на двете страни, пречки и одбранети зицери, најинтригантен момент беше бурната прослава на Нејмар и Леандро Паредес во лице пред Јошуа Кимих.

Пирови победи на Баерн и Порто, Челси и ПСЖ се полуфиналисти

Во спектакуларен реванш кој донесе еден куп шанси, стативи, пречки, прилики пред двата гола, Баерн Минхен оствари пирова победа од 0-1 во Париз и само поради повеќе примени голови дома испаѓа во 1/4 финале. Чудесни ножички на Тареми од Порто.

Прекрасната кореографија на Камп Ноу

Лудата каталонска вечер започна уште пред стартот на мечот со Ливерпул, кога на сите трибини од Камп Ноу се крена фасцинантна изведба од навивачите.

Сите чудесни изданија во Франкфурт

После поразот од 4:2 на гости против Бенфика, каде 70 минути играа со играч помалку, фудбалерите на Ајнтрахт по којзнае кој пат сезонава собраа сили и славеа со 2:0 за пласман во историско полуфинале на Лига Европа.

Ајакс заработил 100 милиони евра од ЛШ - повеќе од клупскиот годишен буџет

Пласманот на Ајакс во полуфинале на Лига на шампиони е уникатен не само поради тоа што последен пат стигнаа до оваа рунда пред цели 22 години, туку и поради астрономската заработка.

Јутјуберот кој го елиминира Федерер и стигна до полуфинале на Австралија Опен

Како мал во школо бил многу повлечен поради што другите деца го сметале за чуден и го задевале. Тоа многу му сметало, а десетина години подоцна тој важи за најдобриот млад тенисер на светот кој пожртвувано собираше средства за помош на настраданите од големите пожари во Грција минатото лето.

Незаборавниот меч го доби Ривер, и славје и тага во Буенос Аирес

Ривер Плејт и Бока Јуниорс ја потсетија Европа како се игра фудбал со страст и срце. Пред скоро полн „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид „милионерите“ славеа 3:1 и се радуваа на пехарот во Копа Либертадорес.

Порака од англиска клиника пред полуфиналето со Хрватска

Најголемата клиника во Британија, Barts Health NHS Trust од Лондон вели дека не сака да им се случат настаните од четвртфиналето со Шведска.

Трето комшиско дерби меѓу Белгија и Франција во завршница на Светско

Репрезентациите на Франција и Белгија два пати се сретнале во рамки на Мундијалите и вечерва ќе се обидат да го направат последниот чекор пред големото финале.

Англија во полуфинале на Светско после 28 години!

Дури осум од десет гола Англичаните на ова Светско постигнаа после прекин. По Стоунс против Панама, сега и вториот висок стопер Хари Мегвајер се запиша во листата на стрелците. Англија ќе го чека во полуфинале подобриот од мечот Русија - Хрватска (20 часот).

Римската волчица против Ливерпул, Реал - Баерн!

Фудбалерите на Рома ќе имаат шанса да му се одмаздат на Ливерпул за поразот во финалето на „Олимпико“ во 1984, а Реал и Баерн ќе се судрат во епскиот класик.

Рома продава карти за полуфинале против Ливерпул

Римјаните направија огромна сензација во ЛШ против Барселона и делуваат некако нестрпливи за ждрепката, па сами си го избраа следниот противник кој можеби и го посакуваат.

Која е малата и безобразна Латвијка во полуфинале на Ролан Гарос

Со големиот триумф над Каролина Вознијацки (12-та во свет), 47. тенисерка на светот Елена Остапенко стана првата Летонка која што стигнала до полуфиналето на славниот Гренд слем турнир во Париз.

Јуве го доби Монако, Мадрид ќе гори

По невообичаено 15 минутно доцнење беа извлечени двојките за полуфиналето во Лигата на шампионите. Јувентус имаше среќа, Атлетико Мадрид ич.

Не е прашањето кого посакува Јуве, туку кој го посакува Јуве

Тим кој не и даде да писне на Барселона во 180 минути и ја елиминираше без примен гол веројатно е кошмар за секого во полуфиналето од ЛШ. Според квалитетот на екипите Реал – Јуве би било финале пред финалето.

Кога Панчев го скроти Баерн во Минхен

На 10. април 1991 година, пред точно 26 години на Олимпискиот стадион во Минхен се играше полуфиналето на Купот на Европски шампиони. Баерн поведе преку Волфарт во 22. минута а Панчев во финишот на првиот дел израмни на 1-1 за да Савичевиќ во 70’ минута на Звезда ѝ донесе голем триумф пред реваншот на Маракана.

Зошто ретко кој навива за Португалија

Португалија го игра можеби најдекадентниот фудбал на ова Европско. Одиграа два меча без голови, се потпираат само на Роналдо а среќата ги погледна на пенали против Полска и во продолженијата против Хрватска. Зошто ретко кој навива за нив?

6:1 за Германија против домаќините во полуфинале

Светскиот првак освен што има квалитет, моќ и прилика да врзе и Европска титула, има и една опасно добра статистика која е на нејзина страна и од која треба да се плаши Франција.

Дебитантот Велс оди во полуфинале!

Дадоа 10 гола, најмногу од сите досега на Европското, а вечерва Велшаните го постигнаа можеби и најубавиот погодок во досегашниот тек на турнирот и заслужено одат во полуфинале каде ќе играат против Португалија.

Формата на полуфиналистите во ЛШ и нивните претходни дуели

Кралевите во својата историја одиграле вкупно 26 полуфиналиња и имаат скор од 13 победи и 13 порази, а за Манчестер Сити ова ќе биде прво. Историјата зад овие две полуфинални двојки е куса.