Денвер и Јокиќ се кошмар за Лејкерски, веќе е 3:0

Шампионот на НБА дефинитивно му наби комплекс на Лос Анџелес Лејкерс кој 11 меча по ред не може да им го најде лекот.

Оваа серија во плејофот е речиси готова за Лејкерси, бидејќи на Денвер му фали само еден натпревар за метла.

Нагетси го добија третиот меч со 112:105, инаку прв во Лос Анџелес каде ноќеска се префрли битката.

Домаќините го имаа најефикасниот играч на мечот Ентони Дејвис, кој заврши со 33 поени и 15 скока, како и Леброн Џејмс со 26 поени, 9 асистенции и 6 скока и Остин Ривс со 22 поени.

Но ниту тоа не беше доволно, бидејќи тимската игра на Денвер беше пресудна за нова победа. Четворица во таборот на победничкиот тим го завршија мечот со 20+ поени.

Арон Гордон беше најефикасен со 29 поени и 15 скока, Јокиќ беше на една асистенција до трипл дабл и запиша 24 поени, 15 скока и 9 асистенции. Мареј имаше 22 поени 5 скока и 9 асистенции, а Мајкл Портер 20 поени и 10 скока.

Лејкерски повторно имаа предност во текот на целото првото полувреме, но пресвртот почна да се случува уште на стартот од вториот дел.

Четвртиот натпревар кој можно е да биде и последен се игра во недела наутро во 2:30 часот. 

26 април 2024 - 08:24