Бензема се збогува со гол, овации од цел Бернабеу

Со 354-от погодок, завршува ерата на една од најголемите легенди на Реал Мадрид. Заминува како втор најдобар стрелец во историјата на кралскиот клуб. Растури во напад откако си замина Роналдо.

Карим Бензема си оди од Реал Мадрид гордо со кариера за која илјадници напаѓачи може само да сонуваат.

14 сезони, 24 трофеи од кои 5 ЛШ и 354 голови.

Поефикасен од него е само Кристијано Роналдо кој остана на тронот со 450 погодоци.

Сезоната на кариера му е без конкуренција ланската 2021/2022 со 44 гола на 46 натпревари од кои 27 во Ла Лига и 15 во ЛШ.

Во нокаут фазата ги уништи гигантите ПСЖ, Челси и Манчестер Сити со вкупно 10 погодоци од кои два хет-трика.

На крајот ја освои Лигата на шампионите по петти пат и сосема заслужено беше награден со Златната топка.

Реал денеска ја затвори сезоната со 1:1 против Атлетик Билбао, а голот за домаќините го постигна токму Бензема.

Навивачите на Реал Мадрид ги поздравија и Асенсио, Азар и Мариано кои го напуштаа клубот.

Реал Мадрид и официјално се збогува со Карим Бензема

4 јуни 2023 - 21:01