Будала, заради факултетот

Не се досетливи како битолските ама вршат работа: криминолозите велат дека прекарите на криминалците им помагаат да го комплетираат нивниот психолошки профил.

Ранац, Пајдо, Фукса, Жилет, Пајсер, Лопата, Шмрки.... се само дел од богатството прекари кои ги носат криминалците во Србија а кои се важни во целиот процес на справување со криминалот.

Прекарите некогаш откриваат лични карактеристики на човекот, какви што се случаите со Мајмун или Гишка или пак упатуваат на нивните ѕверства и бруталност, каков што е  примерот со Среќко Калиниќ Ѕвер, човекот кој призна дека жртвите ги мелел во машина за месо.

Понекогаш на полицијата ѝ е доволно да дознае прекар на некој што е вмешан во некој случај за да почне да ги открива вистинските траги.

Не секогаш криминалците се задоволни со некој свој прекар. Легија не сакал да го викаат Болид или Цема (прекар добиен од другарите на Нов Белград затоа што постојано дигал тегови со цемент), а Аркан го криел прекарот Хибрид кој му би заведен во официјалното досие на надлежните служби.

Некои прекари имаат лажни објаснувања каков што се случајот со Жељко Миловановиќ Летачот (а.к.а. Ветар), кој тврдел дека летал со моторен змеј за да уринира врз припадници на Унпрофор за подоцна да се утврди дека летањето му служело да маркира автомобили спремни да бидат украдени.

КАКО ГИ ДОБИЛЕ ПРЕКАРИТЕ:

Душан Кнежевиќ Ал Капоне (татко на Кнеле).
Се шверцувал во кино за да гледа филмови со Ал Капоне

Жељко Ражњатовиќ Аркан
Прекарот го добил по неговиот омилен цртан лик, волшебникот Арканус.

Миле Ѓорѓевиќ Бонбона
Кумот на Аркан го добил преакрот по кесите бонбони кои секогаш ги имал со себе.

Ѓорѓе Божовиќ Гишка/Дебели
Заради вишокот килограми во детството.

Горан Вуковиќ Мајмун
Убиецот на Љуба Земунац прекрот го добил заради способноста по фасада да се качува по спратови.

Владимир Милисављевиќ Будала
Затоа што единствен во друштвото завршил факултет па останатите го исмевале. Зборувал неколку светски јазици што за неговите другари од Шилерова било глупост.

Душан Спасојевиќ Шиптар
Затоа што со години тргувал дрога со Албанците

Млаѓан Мичиќ Пацов
Семејна традиција, "Пацов" биле и татко му и дедо му.

Милан Сувајџиџ, Ѓура Мутави
Ретко зборувал.

Дејан Миленковиќ Багзи
По Бенџамин Сигел Бгази, еден од најбруталните американски гангстери

6 мај 2012 - 10:17