Бомба од Фабрицио Романо: Столе Димитриевски потпиша за Валенсија
21 мај 2024
- Најголемиот инсајдер за трансфери со 20 милиони следбеници на Твитер и 17 милиони на Фејсбук, тврди дека првиот голман на македонската репрезентација потпишал 4 годишен договор со Валенсија.
- За Димитриевски, кој блесна на голот во Рајо Ваљекано, каде брани од 2018-та, веќе подолго се шпекулира дека ќе направи трансфер во поголем клуб.
- Романо пишува дека Столе на Местаља пристигнува на местото на Мамардашвили, кој летово се очекува да направи трансфер во Атлетико Мадрид или Њукасл.