Аса Акира:

Бев страшно лоша курва

Пари од ескорт личат на лесни пари за една порно глумица. Ама потоа ќе заборавиш кондоми и ќе упаднеш во "Pretty Woman" клише.

 „Ненаситна: порно-љубовна приказна" е нова книга на Аса Акира, засега достапна само во тврд повез. По среќното детство и тинејџерски години минати во Њујорк и во Јапонија, таа одлучува да ја исполни својата ултимативна фантазија - да стане секс симбол.

Шест години по оваа одлука, пишува мемоари за искуството со порнографијата. А порнографијата, и покрај социјалната стигма, за неа е толку добра работа, што целиот тон на книгата се опишува како „хепи". И да, порнографски.

Сепак еве еден малку поинаков извадок од неа, во кој таа опишува како е да си „ескорт" и порно ѕвезда одеднаш. Што не е секогаш лесно.
************************

Не знаев зошто ми го мести, кога знаеше дека не сум по придружбите. Дечково, Фредерик-од-Малибу, беше познат по тоа што оди со порно девојки, инаку битна директорска фаца на огромна, многу комерцијална, многу семејно настроена компанија.

„Од неколку души сум слушнала за него. Звучи грозно". Вистина беше.

Преку други девојки тој се обидуваше да стигне до мене во моите рани порно денови. „Нема шанси".

„Ама супер фин е, и ич не е грозен. Ќе ти плати колку што сакаш".

„Добро, кажи му пет илјади долари за пола саат". Мислев дека ова е екстремна понуда на која никој не би се согласил, па си ја ставив влажната крпа на лицето и продолживме да зборуваме глупости за некоја нова потенцијална девојка во агенцијата. Шпиглер размислуваше да земе нова Азијатка. Во моментот Лајла и јас бевме единствените Азијатки на неговиот список. Сакавме така и да остане. Тој претставува само дваесет и пет девојки, и кога три од нив би биле Азијатки тогаш тоа сериозно би ни го стеснило пазарот.

Таа вечер Лајла ми прати порака: „Тој е за. Кога можеш?"

Без да имам ни најмало искуство со светот на придружбата, но сепак чувствувајќи се спонтано, заинтригирано и по малку затоа што ми беше досадно, се согласив да се сретнам со Фредерик-од-Малибу на пола саат следната вечер, под еден услов - Лајла да дојде со мене. Немав некакви морални проблеми, само ирационален страв...дека ќе бидам убиена. Две девојки можат да совладаат еден маж, така?

Лајла дојде да ме собере: „Девојче, прелесно е. Ќе се прашуваш зошто не си го направила ова и претходно"

„Некако не знам. Што ако му текне нешто? Понесов вазелин. Но е ебено розов и никогаш не сум го употребила. Дали вазелин има рок на траење?"

„Ај ќути. Ќе се појавиме, ќе имаме секс со кондом десет минути, ќе се истушираме и ќе си одиме. Тоа ќе бидат најлесните пари што си ги направила."

Уф, кондоми. Срање. Заборавив да спакувам. Правилото број еден за проститутка: Понеси. Ебени. Кондоми.

Уште не бевме ни стигнати, а веќе имав жолт картон.

За среќа Лајла беше поподготвена од мене. Тогаш почна да ми станува надреално. Кога Фредерик ја отвори вратата, прво што забележав беше дека е црнец. Толку време слушав за него, и во мојата глава беше бел.

Не дека правеше разлика. Ама како она чудно чувство кога ќе се напиеш нешто што мислиш дека е вода, а на јазик сфаќаш дека е Кока-кола. Како се што знаев пред една секунда сега да беше под знак прашалник.

Згоден, не стар. Не многу млад, ама не и стар.

„Ве очекував. Влезете".

Кога влегов во собата видов дека има пуштено мое порно на ТВ. Бев облечена во порно верзија на училишна униформа, и се е*ев со мојот наставник за повисока оценка. Веднаш забележав колку грозно ми изгледа кожата на голем екран. Веќе зажалив што дојдов.

„Ви оставив облеки во бањата", рече Фредерик.

Лајла очигледно беше и покул од мене, си стави пијачка и отиде во бањата. Како што ни беше кажано, таму имаше четири училишни униформи за бирање. Изгледаа тазе излезени од хемиско чистење, но дефинитивно не беа нови. Кои девојки ли ги носеле пред мене? Сигурно знаев бар некои од нив.

Одбрав кошула што ми го покажуваше стомакот и црвена плисирана сукња со кравата со истата шара. Си стави греачи за нозе наместо долги чорапи. Лајла одбра слична комбинација на плаво, само стави чорапи.

Откако се облековме во тишина, Лајка ми ја зема раката. Одевме вака, и не знаев дали е за да ме утеши или е дел од глумата. Како и да е, беше слатко од нејзина страна.

„Професоре, сакавте да не видите? Дали е тоа зошто не бевме добри во последно време?". Лајка е факинг професионалка.

„Се надевам нема да не казните. Стварно сме добри девојки" - се шокирав од сопствениот глас во оваа игра. Внатрешниот дијалог ми беше многу различен. Го заборавив вазелинот во бањата.

„Добри девојки сте. Професорот мислеше дека сакате повисока оценка".

Во тој момент сфатив дека луѓето се всушност врзани за стари, клише порно сценарија. Секој пат кога снимав сцена со ученичка/наставник се чудев како никој пат сценариото не се менуваше. Од друга страна тоа што беше толку вовлечен во таквата сцена ме олабави. Веројатно нема ни да ми треба вазелинот.

Се надевав дека мојот недостаток на ентузијазам не беше премногу очигледен. Се наведнавме спроти екранот и му ги покажавме газињата.

„Вака, професоре?"

„Ајде девојки, бацете се. Направете претстава за професорот". Фредерик седеше на троседот и си го галеше додека не гледаше. Не ми се веруваше дека оваа лигава сцена функционира. Тогаш сфатив - ние сме двете девојки на кој он свршувал со години. Ние му ја исполнувавме фантазијата. Во негови очи ништо не можеше да тргне наопаку. Се што правевме беше секси. Бевме на пиедестал. Тој беше толку опседнат што сакаше да плати триесет глупи минути со мене. Ме занесе славата.

Почнав да уживам во ова.

Откако почнавме да се работиме, траеше околу десет минути. После отидовме под туш, си ги земавме парите и си отидовме.

Лајла имаше право. Тоа беа најлесните пари кои некогаш сум ги заработила.

Го видов пак Фредерик, сама, следниот ден. Го поминавме истото сценарио, минус Лајла. Но продолжението не беше толку интересно.

Можеби затоа што бев сама..можеби затоа што веќе ништо не беше ново.

Или можеби затоа што сакаше да биде без кондом, што само ме потсети колку многу девојки во бизнисот го прават тоа така. Тоа ме нажали и ме олади. Сега понекогаш ми праќа СМС-и, но не му одговарам. Што е поентата?

Со самодоверба после овој настан, но без потреба од повторување на искуството, и реков на Лајла дека ова не е за мене. Следниот пат кога спомна клиент, и реков „Аха, десет илјади".

Нормално, се зезав, не верував дека некој ќе плати толку за секс.

Ама Џо плати.

Договорот беше да се најдеме за вечера и ако ми биде непријатно да си одам со илјада долари во џеб. „Гледам пет часа порно дневно", ми се исповеда Џо на вечерата. Неговата брутална чесност ме шармираше. Кога отидовме кај него останавме долго во ноќта и зборевме. Џо беше паметен и можев вечно да го слушам како зборува. Го замислував мојот живот со него. Дали би можела да се откажам од начинот на кој живеам? Секако, беше богат, не би ни морала веќе да работам. Но знаев како ќе изгледа приказната: прво ќе ветев нешто што длабоко во себе знаев дека нема да го исполнам. После ќе се освестев и ќе сфатев дека не можам да се откажам од мојата работа од соништата, од порното. Ќе се разделевме и никогаш повеќе немаше да зборуваме.

„Уште колку долго би сакала да снимаш порно" ме праша на нашата последна вечер од првокласното патување на Хаваи, кое беше совршено.

Ете, почна. Сите со кои некогаш сум излегувала на крајот го прашуваат тоа, не е работата дали сакаат, туку кога ќе се случи тоа.

Немавме секс таа вечер. Тој знаеше што значи моето молчење. Следниот ден се вративме во Лос Анѓелес. Се поздравиме на аеродромот и знаев дека веројатно никогаш веќе нема да го видам.

Во таксито за накај дома ми текна виц што другар ми Себастијан ми го имаше кажано одамна: „Не плаќаш курва за да дојде, туку за да си замине".

Тоа беше ултимативниот пропуст на една курва. Не заминував. Само доаѓав, одново и одново. Емоционално се вовлекував и се обидував да направам нешто од ништо. Црвен картон.

(скратен извадок од „Ненаситна: порно-љубовна приказна" од Аса Акира, 2014)

13 мај 2014 - 13:11