Кој е најдобриот бенд во живо во светот

Ролинг Стоун собира панел од новинари, луѓе од музичката индустрија и музичари, кои треба да кажат кој според нив прави најдобри концерти во моментов. Шефот владее со светот.

За да се најдат на листата музичарите треба да биле на турнеја во последните 5 години и таа да не им биде турнеја за пензионирање.

Со исклучок на Аркад Фајр, со првите 5 места на топ 50 листата владеат старки.

5. Нил Јанг

"Заради некое чудо гласот и гитарските вештини на Јанг не ослабеа уште од времето на Everybody Knows This Is Nowhere, пред 40 и нешто години. Без разлика дали свири со Кросби, Стилс и Неш, или комплетно акустично соло, тој ја вложува секоја трошка од себе во сценскиот настап. 'Научивме речиси се што знаеме од него. Се надевам дека еден ден ќе имам барем една половина од неговата сценска присутност и каталог,' изјавила Теган Квин од Теган и Сара."

4. Аркејд Фајр

"Бендот од Монтреал докажа дека емоционално апокалиптичниот инди рок може да биде голем како ЈуТу без да го изгуби својот хаотичен интензитет. Тие речиси и да немаат свирено заедно откако го освоија Гремито во 2011-та, а нивниот нов албум е готов (треба да излегува во октомври), и најверојатно ќе вклучува музика продуцирана со Џејмс Марфи од ЛЦД Саундсистем."

3. Ролинг Стоунс

"По пет години пауза, Стонси повторно блеснаа минатата година, свирејќи песни кои ретко ги имаат на својата сет листа ("Factory Girl"), нарачки од фанови ("Memory Motel,") и серија апсолутни класици ("Tumbling Dice," "Honky Tonk Women"), докажувајќи дека се уште се најголемиот рокенрол бенд во светот. 'Сите се трудеа да го стават бендот во погон. Ние сакавме да свириме музика на добар начин, не само да се покажуваме,' изјави Мик Џегер кон крајот на минатата година."

2. Принц

"Никогаш подобро не звучел, неговиот бенд 3rd Eye Girl е одличен а тој безмилосно ги вади своите стари песни. 'Тој е подобар гитарист од тебе. Тој е подобар пејач од тебе. Тој може да игра подобро од тебе. Неговите песни се подбори од твоите. Може само да си подобар во баскет од него,' изјави Клиф Бурнштајн од Q Prime Managment."

1. Брус Спрингстин

"Спрингстин отсекогаш внесувал речиси натчовечки нивоа на енергија во своите настапи, меѓутоа неговата актуелна Wrecking Ball турнеја се истакнува како една од најголемите и највозбудливите на сите времиња. (На неа го имаше дури и најдолгиот концерт на Спрингстин во историјата - 4 часа и 6 минути во Хелсинки, на 31 јули 2012.) За најголемиот дел од концертите, Спрингстин ја минува планираната плејлиста и ги собира 'нарачките' од публиката, заради што бендот започнува со импровизирани изведби на песни од Рамонс до Џеки Вилсон. 'Не ја гледам многу листата со песни за време на настапот. Ја слушам песната што ја свириме - и таа ми кажува што следно да свирам. И ја гледам публиката. Понекогаш погледот во нечии очи ни кажува колку многу тие сакаат да ја чујат песната што ја напишале на транспарентот над нивната глава,' изјави неодамна Брус Спрингстин за Ролинг Стоун."

целосната топ 50 листа на Ролинг Стоун

5 август 2013 - 16:17