Белградското дерби во очите на странец

Вечното белградско дерби кое утревечер ќе ја има својата 149. претстава во историјата, често е Мека и Медина за адреналинските зависници од целиот свет.

Последните неколку години, гомила репортери од западно-европските земји направија репортажи за гладијаторската борба меѓу црвено и црно-белите од Белград. Последна во низа е репортажата на Дан Бредли кој за Вајс го раскаже своето видување на вечното дерби.

Штом почнав да го истражувам феноменот на вечното дерби, западнав во дупката без дно наречена Јутјуб. Со часови ги гледав снимките од навивачките судири, неверојатните бакљади и сложените кореографии. Насилството беше и повеќе од експлицитно.
 
Влегов во свет во кој спортските настани се значајно поразлични од оние кои ги знаев претходно. Ми изгледаше како да гледам филм - сè делуваше нереално, сигурен бев, нема шанси такви работи денес да се случуваат во светот на фудбалот. 

Што подолго гледав, случувањата беа полуди и полуди. Не можам да му оддолеам на возбудувањето и решив да одам таму и во живо да ја видам таа маса, тие тепачки, тоа навивање.
 
Само што резервирав карти и ја организирав екипата за снимање на документарецот, сфатив дека уште не сум видел ништо од самата игра на теренот. Очигледно дека нешто ги мотивира навивачите од ист град, исто маало, иста улица да се мразат меѓусебно. Сериозна омраза е во прашање, омраза од типот ќе те убијам.
 
Како љубител на фудбалот и како некој новинар, сакав подобро да се информирам за фудбалот, но не беше така лесно. Снимки од самите натпревари потешко се наоѓаат и сè што се одиграло во последните 20 години стои на втора-трета страна во Јутуј пребарувачот. Здогледав 30-ина секунди од дербито во 2012-та, а потоа веднаш кликнав од страна да видам како полицијата фрла солзавец меѓу навивачите на Партизан на кошаркарски меч.

Во Белград сфатив дека допаминската зависност не ме изневери. Натпреварот навистина беше повод за нешто многу поголемо. Социолозите ми зборуваа за потребата на младите да припаѓаат на некое движеље, и онаа на навивачите и непрестаната борба за улиците на градот - на сите страни графитите соопштуваат која зграда или кое ќоше за кого навива.
 
Никој ништо не ми кажа за табелата или за играчите кои би можеле да направат разлика на теренот. Сè се вртеше околу некаквиот идентитет неврзан за теренот. „Ете зошто Гробарите се го*мна“, „Ете зошто Циганите се п**ки“ итн.
 
На самиот натпревар мислам дека теренот не го погледнав подолго од пет минути. Фудбалот беше средно-тажен, а во тие моменти играта не беше ни од близу толку добра како хаосот кој ја опркужуваше. Фудбалот е повод да се биде дел од нешто неверојатно. Ако се испостави дека тоа нешто е масовна тепачка, што да се прави тоа е тоа. 

Сеќавањата кои ги носам од дербито се емоции кои ретко ги врзувам за спортот. Адреналинот кој го чувствував пред Гробарите кои во црно маршираа кон стадионот. Или шокот предизвикан од насилството меѓу полицијата и навивачите на Звезда која делуваше дека никогаш нема да престане. Фасцинацијата од бакљите и пеењето, како и збунетост од тоа како истите луѓе кои се тепаат со полицијата може да организираат импресивни кореографии.
 
На крајот, сè испадна како што ми вети Јутјуб. Сакав возбуда, јебига, сакав претстава. Не дојдов поради квалитетниот фудбал, да се разбереме, дојдов поради фрките, поради чувството дека сум дел од нешто, дека припаѓам. На некој начин, мојата перцепција на дербито ја допре реалноста на ситуацијата во која се затекнав.
 
 
 
11 септември 2015 - 13:44