Африка се дебелее

Ете и тоа доживеавме. Речиси 30 години по оние бенд-ејдови и уса фор африки, на гладниот континент се одржува конференција на тема: што правиме со дебелите?

Место на конференцијата е Руанда, земја чии експерти тврдат дека дебелината и здравствените последици од неа се едни од најсериозните проблеми кои со кои се соочува земјата.

Причините за пандемската прекумерна тежина се главно културолошки: во Руанда и други африкански земји, на дебелината се гледа како на манифестација на благосостојба.

Особено драстично дигање на килажата е забележано кај луѓе на кои материјалниот статус им се подобрил, бидејќи таквите, паметејќи си ги гладните години, веднаш се фрлаат на јадење.

Проблемот е најистакнат меѓу младите од најскапите училишта каде четврто - одделенци во просек тежат по 60 килограми.

1 ноември 2012 - 11:33