- Тимот „Wheelchair Basketball Macedonia“ е дефинитивно инспирација на денот во кој членуваат 13 луѓе со телесен инвалидитет кои во колички играат кошарка.
- Тренираат два пати неделно во салата „Јане Сандански“, доаѓаат и од други градови и целат да формираат и репрезентација.
- Ги води тренерот Саша Димитријевиќ со поддршка на Бранко Крстевски како кондиционен тренер, а веќе одат и на меѓународни тренинзи.
- Една количка чини од 4.000 до 8.000 евра. 70-80% од нив ги добиле како донација од Србија.
- Лоши вести од Париз. Новак Ѓоковиќ се повлекува од Ролан Гарос по резултатите на магнетната резонанца направена поради повредата на коленото во вториот сет на мечот против Франциско Серундоло.
- Се очекуваат дополнителни вести за тоа колку е сериозна повредата и дали ќе може да настапи на Вимблдон (1 јули) и Олимписките игри (26 јули).
- Во четвртфинале требаше да игра против Каспер Руд.
- „Крајно сум тажен што морам да се повлечам од Ролан Гарос. Играв со срце, дадов сè од себе на вчерашниот натпревар и за жал, поради скинат менискус на десното колено, јас и мојот тим, по внимателно размислување и консултации, моравме да донесеме тешка одлука. Им посакувам многу среќа на останатите играчи оваа недела и искрено им се заблагодарувам на сите неверојатни навивачи за нивната љубов и континуирана поддршка. Се гледаме наскоро. Со љубов и благодарност, Ноле“.
- Само кусо време откако станал дел од академијата на Реал Мадрид, од еден куп деца токму Дани Карвахал бил избран да му се придружи на Алфредо Ди Стефано во поставувањето на камен темелникот на тренинг центарот кој го носи токму името на легендарниот напаѓач.
- Денеска 32 годишниот десен бек е меѓу легендите на кралскиот клуб со 416 настапи и 26 трофеи освоени во 11 сезони.
- Карвахал е единствен играч на Реал кој беше стартер на последните 6 финалиња во последните 11 години и еден од тројцата заедно со Начо и Модриќ со по 6 титули, по 3 со Зидан и Анчелоти.
- Врвот го доживеа викендов на Вембли, со гол за 1:0 и признание за играч на финалето.