Таг: вечно дерби

Магијата на Ериксен за голем триумф на Интер

Чекаше чекаше Данецот шанса и на крај конечно ја дочека. Конте го омаловажуваше со по 10 секунди од клупа за резерви, а вечерва во Купот на Италија само што влезе во игра и после неколку моменти од слободен удар во 90+7' минута му донесе победа на Интер против Милан. Интересно, ова беше прв гол од слободен удар за Интер после цели 135 натпревари!

Вечното дерби во Белград не верува во кластери

Елитниот европски фудбал го очекуваат празни трибини. А во Србија свири поинаква песна, па на полуфиналето на Купот меѓу Партизан и Црвена звезда имаше околу 25.000 гледачи

Три трибини го славеа голот на Партизан против Црвена звезда

Веќе по којзнае кој пат во последните пар сезони, навивачите на Партизан, разединети во три различни фракции (едни на Југ, други во “кафез“ на Исток и трети во „кафез“ на Западна трибина) го бодреа својот тим на стадионот „Рајко Митиќ“ каде дербито заврши 1:1.

После 22 години свирен пенал за Партизан против Звезда

Вечното белградско дерби заврши 1-1. Поведоа домаќините од пенал во 62’ минута преку Сума а изедначи Ричмонд Боачи во 84’ минута. Ова е прв пенал за „црно-белите“ после цели 22 години. Последниот го добиле на 18. март 1995. година. Мечот остана во сенка на стравичните нереди на јужната трибина каде дојде до судир меѓу подгрупи на Гробарите.

И на Балканот може да се видат убави голови

Фудбалерот на Вождовац од Белград, Иван Марковиќ синоќа го постигна најубавиот гол на колото во српската лига, а неколку километри подалеку од него право ремек дело направи и Бразилецот Леонардо од Партизан на дербито со Црвена звезда.

Римското дерби поцртано со црвен датум во календарот

Вечерва на Олимпико ќе се игра еден од најголемите дерби дуели во светот. Во полуфиналето на Копа Италија ќе играат Лацио и Рома, ривалите кои во последните 20 години шест пати се судрија во ова натпреварување.

Белградското дерби низ очите на ФИФА

Вечното дерби меѓу Црвена звезда и Партизан се вбројува меѓу најголемите градски дерби дуели на светот, а признание за тоа стигна и од Светската фудбалска федерација ФИФА која направи шестминутно видео за овој натпревар.

Лудило во 95-та минута

De Klassieker, како што е познато вечното дерби меѓу Феенорд Ротердам и Ајакс Амстердам мина во напната и тензична атмосфера. По нередите во 1997. во кои загина едно лице и големите инциденти во 2005. година на Де Кујп во Ротердам, во 2009. година следуваше одлука со која се забрани присуства на гостинска публика во следните пет години. Во меч од купот синоќа, Феенорд славеше 1-0 со автоголот на Велтман.

Белградското дерби во очите на странец

Вечното белградско дерби кое утревечер ќе ја има својата 149. претстава во историјата, често е Мека и Медина за адреналинските зависници од целиот свет.