The Onion за масакрот во Њутаун

Ти ебам сè

По масакрот во основното училиште во Конектикат во кој имаше најмалку 27 мртви, од кои 20 беа мали деца, нашите извори низ целата земја одмавнувајќи со главата, задушувајќи го плачот во своите гласови, пренесоа - кој му ебе матер на сè. Сè нека оди во мајчину.

Ама сè, додадоа нашите извори.

"Жал ми е, ама јеби га, не можам да го издржам ова - едноставно не можам повеќе да го издржам," изјави Дебора МекЕлис, која додаде дека "не, не, не, не, не, ова не се случува, ова не може да биде реално. Сериозно, што е ова по ѓаволите? Што се случува? Зошто вакви работи продолжуваат да се случуваат?" продолжи Елис пред да го покрие лицето со рацете и тивко да изусти "Зошто?"

Разочараните извори потврдија дека убиецот вооружен со полуавтоматска пушка - војничка пушка, побогу - влегол во училница со ДЕЦА каде што неговата мајка била професорка и, ако кон ова оди светот тогаш дај да се спакуваме и да се откажеме од се, бидејќи ова не е како треба да се живее.

Најискрено, сите 315 милиони Американци потврдија.

"Претпоставувам дека ќе мора да ги собереме парчињата и да извадиме некаква поука од трагедијата и - знаете што? Кој го ебе, не можам веќе да го правам ова," изјави жителот на Конектикат, Мајкл Залески, чии забелешки беа разбирливи ако се земат во предвид околностите, бидејќи, да му се сневиди, што друго може човек да каже? "Жал ми е, ама не можам веќе да го правам ова. Ти можеш? Може ли кој било?"

Сведоците велат дека убиецот истрелал најмалку 100 куршуми за време на неговото смртоносно дивеење, кој според децата во училиштето - добро бе, како? Како? Дваесет деца. Мртви. Во ебано училиште.

Не, не, не и не.

"Јас само се чувствувам толку (што е важно што кажал овој човек кога ниту еден збор не може да ги врати назад 20-те деца?)" изјави некој човек, кој како и сите други е комплетно неспособен да обработи и да се справи со било што од ова, "Ужас. Едноставно ова е премногу ужасно за да се истрпи."

Кај нацијата имаше чувство на гадење кон кое и да е гнасно копиле што го направи ова и кон светот кој дозволи ова да се случи, како и кон политичарите, кон NRA (National Rifle Association), и над се кон патетиката во кои самите прераснале седејќи пред ебаниот компјутер наместо да направат што било за да му помогнат на кого било - Боже, како тоа дури и да е возможно, како кој било да може да го промени тоа што се случи, како истото срање да нема да се случи повторно и повторно и повторно пред луѓето конечно да решат дека можеби е време да се смени начинот на кој живееме, и што е тогаш поентата?

"Јас..." изјави 27-годишниот Том Милер, откако на интернет ја прочита веста за трагедијата "Јас само..."

"..." додаде Том.

До објавувањето на оваа статија... заеби, нема што друго да се додаде.

извор: The Onion

 

15 декември 2012 - 18:28