Тајната за добивање на лото

Ноќеска во САД се падна вториот по големина џек-пот во историјата на тамошните лотарии во износ од 760 милиони долари. Одма треба да се каже дека човеков не е добитникот на премијата, ама има разработено систем со кој нема изгубено пари. Неговиот совет во основа е: секој пат кога сакаш да играш лото, инвестирај ги парите на берза.

Иако и просто чување на пари во џеб е подобитна комбинација отколку да ги ставиш на ливче, конкретниов "систем" ти носи профит на парите.

Секоја недела, од средината на април до сега, човеков купува по 3 лото ливчиња за вкупно 6 долари, и вложува по 6 долари на берза по препораки на апликација за инвестирање на берза.

Крајниот исход од овој експеримент изгледа вака:

виа

П.С.

Има една слична пермутација на трошење пари, според која секогаш е подобро да купуваш акции на Епл во износот на некој нивен нов производ, отколку да го купиш производот. Исходот од оваа математика го имате тука.

24 август 2017 - 12:44