Воведена е со 18-от амандман на американскиот устав со кој се забранува производство, продажба и транспорт на алкохолни пијачки.
Најсилни организациони поддржувачи на прохибицијата биле Кју Клукс Клан и една влијателна женска христијанска организација.
Никнуваат тнр шептечки клубови, во кои илегално се продава пијачка. Се влегувало само доколку тивко се изговори лозинката на врата. Се проценува дека само во Њујорк имало 30.000 вакви клубови (и за време на македонската прохибиција, некаде 2004-та, имаше ваков клуб наречен Чукни - тропни, карши Вардар Филм).
Прохибицијата е заслужна за популарноста на коктелите кои биле згоден начин за камуфлирање на алкохолот.
Нуспојава на забраната е појавувањето на тн "бродови до никаде". Пловечки објекти кои вртат кругчиња по меѓународни води додека гостите да се опијат ко луѓе/свињи.
Само во 1927-ма година, Ал Капоне има заработено 60 милиони долари од продажба на алкохол.
На 5-ти декември 1933-та година, се донесува 21-от амандман со кој се поништува 18-от. Тој е единствениот амандман кој доживеал судбина да биде поништен.
По укинувањето на прохибицијата, првите зборови на претседателот Рузвелт биле: "На Америка сега ѝ треба пијачка".
Првото легално шише пиво произведeно по укинувањето завршило на адреса на Белата Куќа.