Дневникот на еден тазе непушач

249 часа и 18 минути: Тага и меланхолија, како кога ќе изгубиш пријател. Би гушнал оџак.

„Од моја перспектива, вие кои не пушите не сте непушачи бидејќи тутунот не ви значи ништо. Јас се прогласив за непушач бидејќи дури со престанувањето, стануваш свесен дека не пушиш“, пишува  книжевникот Младен Блажевиќкој во својот дневник вели дека поради престанувањето на пушењето се чувствува како предавник бидејќи ја напушта „војската која губи“.

„Свечено ветувам дека нема да ја променам војската. И доживотно да го одложам палењето цигара, ќе останам на страната на послабите, на страна на пушачите,“ се заветува Блажевиќ чиј дневник изгледа вака:

24 часа и 32 минути: Испив две кафиња  без шеќер и после долго време уживав во нивниот вкус. На улица забележав две згужвани кутии Јорк а покрај кантата и една неизгужвана „сто ес“. Не проверив да не има оставено цигара внатре.

47 часа и 8 минути: Немам потреба да свиткам цигара и да запалам. Попрво би истурил вода во пепељарата и би ја испил.

69 часа и 12 минути: Влегувам во кафиќ и ме удира мирис од цигари. Смрди. Нема да станам оној Наци кои пушачите, заедно со бившиот себе, јавно би ги бесел по улици. Освен тоа, го сакам мирисот на изгорен фосфор, свети димови скриени по свеќите, пичкини димови... А со ова пасивно пушење може ќе се домогнам и до нешто никотин.

84 часа и 13 минути: Приметив дека сè почесто фрлам дрва во печката.

98 часа и 24 минути: На паркинг, покрај соседниот автомобил видов полуотворена кутија Јорк од која ѕиркаше една цигара.

107 часа и 39 минути: Престанувањето на пушењето пружа некои неочекувани слободи. Денес во пепељара фрлив згужвана салфетка.

122 часа и 7 минути: Размислувам за некое хоби. Никогаш не сум имал хоби. Можеби некое моделарство. Би можел а направал Ајфелова кула од изгорени чкорчиња.

146 часа и 22 минути: Ме храбри штотуку откриената помисла дека можеби еден ден, целото ова време поминато во размислување за цигари, ќе можам да го посветам на размислување за нешто друго. На пример, за секс.

171 час и 11 минути: Сабaјлево облеков работна кошула која уште минатата недела заслужуваше перење. Го мирисав нејзиниот околувратник.

195 часа и 29 минути: Се подвргнав на авто-психоанализа и на момент, за силната желба за палење цигара, оправдување најдов во длабоко потиснатата пироманија. Потоа сфатив дека е тоа уште полошо.

223 часа и 29 минути: Етимологијата вика дека арапскиот збор за тутун ни стигнал преку турскиот јазик. Додека сркам кафе, низ огноотпорното стакло на печката гледам како внатре чади. Додека ногата ми тресе под маса, зборот тутун сепак го поврзувам со својот немирен дух и испратената душа. 

226 часа и 12 минути: На пример чај од она жолтото на показалецот и средниот прст, натопени во врела вода.

249 часа и 18 минути: Тага и меланхолија, како кога ќе изгубиш пријател. Би гушнал оџак.

274 часа и 47 минути: После толку години рачно виткање тутун, развив брзина а естетиката на свитканата цигара ја доведов во врв, до совршена еднообразност, одлично ги познавам материјалите, хартивчињата, филтерчињата, прецизен сум во формирање на цврстината на цигарата за оптимално повлекување, за оптимално времетраење на цигарата, можам да свиткам со една рака додека возам, да детектирам проблем и да ја закрпам поткинатата цигара да не диши вишок кислород... Што сега да правам со тие вештини?

 

 

19 март 2018 - 11:38