14 години Асанж по судови

Иако Викиликс почнува да објавува содржини некаде од 2006, пакетот што го објави во 2010 беше клучен за започнување на судската потера по Асанж од која и ден денес се обидува да куртули.

2010: Викиликс објавува доверливи американски воени документи и дипломатски депеши поврзани со војните во Ирак и Авганистан. Во нив е открива тортурата што ја вршат американските воени сили и дипломатски тајни на САД, што предизвикува глобална контроверзија.


Ноември 2010: Шведските власти објавуваат потерница по Асанж по обвиненија за силување.


Февруари 2011: Британскиот суд ја одобрува екстрадицијата на Асанж во Шведска, што предизвикува страв за можна идна екстрадиција во САД.


Јуни 2012: Асанж добива азил во еквадорската амбасада во Лондон и избегнува екстрадиција.


Мај 2017: Шведскиот обвинител ја прекинува истрагата против Асанж бидејќи тој и понатаму останува недостапен во еквадорската амбасада.


Април 2019: Новата влада на Еквадор го повлекува азилот, по што Асанж е уапсен во Лондон по барањето на САД за негова екстрадиција.


Мај 2019: САД го обвинува Асанж по основа на Законот за шпионирање, со што почнува новата правна битка на Асанж.


Ноември 2020: Шведска се откажува од истрагата за силување заради немање доволно докази.


Јануари 2021: Британскиот суд ја блокира екстрадицијата на Асанж наведувајќи загриженост за неговото ментално здравје.


Јуни 2022: Британија ја дозволува екстрадицијата на Асанж, на што тој има право на жалба.


Февруари 2024: Високиот суд ја сослушува жалбата на Асанж која се базира на стравот за неговата здравствена состојба.


Март 2024: Високиот суд бара од САД да достават гаранции дека нему ќе му биде дозволено да се повика на првиот амандман, дека ќе добие иста заштита како граѓанин на САД и дека не му се заканува смртна казна. САД имаат рок до 16 април да ги испорачаат гаранциите, во спротивно Асанж ќе може да оди на Апелација.

27 март 2024 - 15:09