Во новата година со нов KIA Stonic од Електрометал

Почетокот на новата година беше најрадосен за среќниот добитник на автомобил KIA Stonic од големата наградна игра на Електрометал.

Дејан Крстевски е среќниот добитник на автомобил KIA Stonic во големата наградна игра на Електрометал. Дејан ја имаше среќата да биде извлечен меѓу илјадниците кои учествуваа.

Условите беа едноставни – со секоја сметка од најмалку 1.000 денари, купувачите добиваа по еден купон за учество, а Дејан имал три купони: „Купивме нов стан и фамилијарно со мојот брат го опремувавме. Се одлучивме за Електрометал бидејќи опремувањето беше навистина едноставно – во маркетите можете да пронајдете буквално сѐ и да заштедите време и пари. Кога планиравме, сакавме да најдеме маркет каде можеме да купиме сѐ наеднаш – од електрика, плочки, санитарии, до лустери, мали кујнски апарати па сѐ до кујнски прибор, декорација и цвеќе“ – вели Дејан кој посочи дека купонот со кој бил извлечен бил за сметката која била издадена за лустерите и електриката.

Иван Калинов, директор за малопродажба во Електрометал, истакна дека токму тоа е целта на Електрометал, да обезбеди сѐ за своите клиенти на едно место: „Среќни сме бидејќи се повеќе луѓе согледуваат дека во маркетите на Електрометал можат да пронајдат сѐ за својот дом и градина на едно место и тоа по најдобри цени. Пазарувањето е едноставно, особено во најголемиот маркет на Електрометал во Карпош 3, каде и понудата на изложени производи е најголема. Му честитаме на господинот Дејан и се надеваме дека ќе остане наш верен клиент и понатаму“.

Во годината која измина, Електрометал ја прошири својата мрежа на маркети. Покрај веќе постоечките маркети во Маџари и во Центар, беше отворен најголемиот досега маркет во Карпош 3 (до Skopje City Mall), како и маркети во Чаир и Драчево (Скопје), Велес, Прилеп и Штип.

Запрашан за плановите во новата година, директорот Калинов најави: „Во 2019-та прославуваме 70 години постоење на брендот Електрометал. Многу скоро ќе ги изненадиме нашите сегашни и идни купувачи со нешто големо!“.

Очекуваме наскоро да дознаеме што ќе ни подготват од Електрометал. Во меѓувреме, за да дознаете први за сите новости, попусти и промоции, следете ги на Facebook или Instagram.

(Комерцијален текст)

2 јануари 2019 - 10:18