Сарамзалино: 1.000 војници на 1.000 жени. А дете нема.
ЈНА своевремено побарала од словенечкиот режисер, камерман и директор на фотографија Карпо Година (инаку, роден во Скопје), да им направи прописен војнички филм. Карпо ги зема парите и им го прави ова - малтене хипи - филмче, потег за кој требало многу кохонес.
Главучите во ЈНА подоцна го касапат филмот, но режисерот зачувува еден примерок. „За љубовните вештини“ е фасцинантно дело, во кинематографска, идеолошка и естетска смисла. Со авторска музика на браќата Вранешевиќ.