Таг: златан ибрахимовиќ

Тато тебе ти е доста, сега јас ќе играм со Ибрахимовиќ

Пред 12 години селекцијата на Шведска имаше одличен напаѓачки тандем кој ја однесе својата земја во четвртфинале на Европско првенство, а летово тандемот може да го има истото име, но со една помлада и надежна генерација.

Како изгледа еден слободен ден на Ибрахимовиќ

Титулата одбранета, едниот куп исто така, голови 42 на сите фронта. Лорен Блан му дава заслужен слободен ден него и на цел тим, а Златан ги зема во друштво Верати, Пасторе и Сиригу и правец Лас Вегас. Тоа е тоа, сигурно нема на Ајфелова кула да се качуваат како туристи.

Зошто Харт би посакал Ибра да не игра вечер

Вечерашниот дуел меѓу ПСЖ и Манчестер Сити голманот на гостите сигурно го враќа на пријателскиот дуел меѓу Шведска и Англија 4:2 одигран во 2012-та. Зошто? Златан сам ја победи Англија која имаше водство 1:2, а на четвртиот гол Харт излезе од шеснаесетник и потоа беше само гледач на чудото кое го направи Ибра.

Јави му се на Мино и завршен проблем

Менаџерот кај кого играчите сами доаѓаат, а не тој по нив во моментов работи на трансфер на Хенрик Михтарјан, Еременцот кој едвај избега од Донецк каде не го пуштаа по никоја цена.

За тренинг на Ибрахимовиќ вреди и карта да се плати

Без разлика што има пауза во првенствените лиги, Златан Ибрахимовиќ е меѓу главните ликови во медиумите. Прво пишуваше дека бил во Романија каде заедно со Муту биле да ловат мечки, потоа изјави дека го бараат во Премиер лигата, а сеге еве го на тренинг пред утрешниот пријателски дуел Шведска - Чешка.

Да ти се погоди Златан работодавач

Амбасадор на шведскиот витамински пијалак Витамин Вел е најдобриот фудбалер во историјата на оваа скандинавска земја. Луѓето го гледаат како Бог, па не нè чуди реакцијата на еден дечко кој дојден на интервју налетува на Ибрахимовиќ.

Што значи да се има искусен напаѓач

Не ги викајте фудбалерите над 30 години старци, особено не овој викенд во кој држеа лекции во Турција, Италија, Франција па се до САД и Аргентина. Како виното се.

Рекорд во Европа

На осум кола пред крајот, уште во месец март екипата на Пари Сен Жермен убедливо ја освои титулата откако денес со нереални 0:9 ја победи Троа на гостински терен. Ибрахимовиќ даде четири гола и воедно го постигна 100-от гол за ПСЖ. Сезонава Ибра даде 27 голови, 12 асистенции на 34 години.

Од што го боли стомак Ибрахимовиќ

Еден од коментарите под видеото на интернет вели вака: Каков кучкин син, кај зема толкава плата па уште изиграва расипано детиште и игра мајтап со човек кој си работи чесно.

Ретки фудбалски фотографии #4

По воведните 1, 2 и 3 сеќавања на фудбалот од минатото, продолжуваме со 4-та епизода носталгичен фудбал во која се Сидорф и Давидс како младинци на Ајакс, Биелса како шампион на Аргентина и други занимливи фотографии.

Како Златан му стана клиент на човекот кој јаде за пет души

Кога Ибра се пресели во Париз за да игра во ПСЖ, прашањето околу сметувањето го реши со месечна кирија од 30.000 евра во стан од 600 квадрати. Но кога моќниот менаџер го видел за прв пат, му рекол прибери тоа поршето и златниот часовник и земи да тренираш асално бидејќи имаш очајна статистика.

На Ибрахимовиќ сè му е смешно па и намерен фаул

Лион го победи ПСЖ 2:1 и на тој начин му ја прекина серијата од 36 натпревари без пораз. Веројатно слабата игра на Парижаните беше причина Златан да го турне Јанга-Мбива и да му се смее цинично.

Лошата карма на Ибра во Лигата на шампионите

Дури и кога беше во одлична форма како во моментов (стана рекордер по бројот на голови за ПСЖ), Златан Ибрахимовиќ загуби многу важни натпревари во Лигата на шампионите најчесто поради своја вина.

ПСЖ им се намерачи на рекордите

По сè изгледа ПСЖ сезонава ќе ја преправи историјата на францускиот фудбал и ќе постави неколку рекорди стари и по 20-30 години.

Барем еден се метна на него

Џастин Клајверт, еден од четирите сина на Патрик игра за тимот на Ајакс до 16 години. Младиот талент ги потсети навивачите на овој клуб како отприлика изгледаше голот на Златан Ибрахимовиќ кога ја изора цела противничка екипа како бавча.

Запознај ги идолите

Едните се ѕвезди на светско ниво, а другите се збунети деца на кои ќе им пукце срца од возбуда бидејќи до тогаш мислеле дека само ќе ги гледаат на ТВ и со нив ќе играат на Плејстејшн.

Најдобрите 11 што никогаш не освоиле ЛШ

Просто да не поверува човек дека играчи како Џиџи Буфон, Турам, Ибрахимовиќ и Роналдо никогаш не го кренале ушестиот пехар.

Најјаките 9 коли на фудбалерите

Кога велиме најјаките, стварно мислиме на најјаките бидејќи колку што се разбираме во коли, веројатно нема нешто појако од ова. Па човек да направи судар со некој од нив ќе треба кредит да земе за да им го плати само фарот.

Ибра сам решава на кој дава автограм

Како што обично бидува со Златан, во зависност од неговото расположение и добра волја може или пријатно или непријатно да ве изненади. Затоа што е природен во секоја прилика.

Трејлер за филмот за Златан

Раскажува за првите фудбалски чекори во Малме, за детството во снежната Шведска, за развојот на кариерата во Ајакс каде пред 55.000 луѓе морал да докажува зошто е платен толку милиони.

Најрасни стрелци во историјата на ЛШ

Кристијано Роналдо го искористи дуелот со Малме дополнително да побегне на вечната листа најдобри стрелци во елитната ЛШ. На неа се уште и врвни стрелци како Дрогба, Шевченко, Раул, Анри, Пипо Инзаги.

Ибра - сакаш центарфор, сакаш стопер

Еден гол даде, еден намести и еден спаси по што неговиот Пари Сен Жермен рутински со 2:0 го совлада Шахтјар Доњецк во Лигата на шампионите.

Ибрахимовиќ, Меси и фудбалерите кои не ја пеат химната

Додека некој ја вика од сè срце, има играчи кои не отвораат уста при интонирање на државната химна. Некој има таков табиет, некои од политички, а некои од верски мотиви не ја пеат химната.