Таг: златан ибрахимовиќ

Ибра го пукна стаклото на клупскиот автобус

Навивачите на Милан се во еуфорија како никогаш до сега во последните 11 години колку што ја чекаат титулата. Ама и Златан изгледа е бајаги возбуден, па ја суреди шофершајбната од што го понесе атмосферата од пречекот пред средбата со Аталанта.

Со Ибра и индивидуалните тренинзи се посебни

„Јас решавам кога ќе сопрам, исто како што решавам дека ќе те удри жолтата топка“, напиша уникатниот Златан.

Во меѓувреме одиме кај Ибра во теретана

Глупо е веќе да кажуваш дека е ветеран и да го прашуваш дали сезонава му е последна бидејќи има 40 години, особено после ваква најава за кам бек. Него ај сега прашајте се дали некој од вас може барем да се задржи вака со нозе неколку секунди? 

Еден најобичен тренинг на Ибра

Знаете некој друг шпиц со ваква форма и еластичност на негова возраст? 41 ќе полни годинава.

Анегдота на Ибрахимовиќ од времето кога играл во Балкан

Човекот со 570 голови во кариерата, некогаш знаел да облече и голмански ракавици, а тоа било кога како дете играл за Балкан, пред да заигра за Малме. Имало причина за тоа.

Мајсторијата на Ибра на која голманот беше само гледач

Ново голчиште и нов ветерански рекорд на неуморниот Златан Ибрахимовиќ кој стигна до шести гол сезонава на девет настапи. Внимавајте добро на новиот рекорд кој вели вака: Има 31 постигнат гол во Серија А, откако наполнил 38 години, заедно со Силвио Пиола.

Пушти ми ја „Јутро је“ да ја запееме со Златан

Средба на светски фаци со светска слава, но со балканска глава. Едниот му објаснува на другиот како му дошла на роденден Нада Топчагиќ, а другиот одма бара да и го пуштат хитот. „Кога волкот ќе го сретне лавот“ напиша АТП за нивната средба во Торино.

Кога Златан Ибрахимовиќ носел нов кревет по улица со татко му зошто немале за достава

Златан Ибрахимовиќ важи за еден од најдобрите фудбалери во историјата, а секогаш е интересен и привлечен за јавноста поради невообичаеното однесување и смешните изјави.

Моќта на Златан против Рома со Кјаер пред 9 години

Голманот го понижи како дете, а потоа имаше физички дуел со сегашниот стопер на Милан, кој тогаш играше за Рома. Ова е гол со кој го реши мечот и гол кој ја симболизира неговата непроменета сила. Снимкава е од 2012-та, се сега сме 2021-ва во која Ибра гази на 40 години. Се забележува разлика?

Мајсторија на Ибра од слободен удар со 101 км на час

Милан и Наполи се најтврд орев во првите два месеци од Серија А и со идентичен скор од 10 победи и едно реми ги делат првите две места. Росонерите ја добија Рома со 1:2, а резултатот во првиот дел го отвори неуморниот Златан Ибрахимовиќ кој не старее. Кеси во второ полувреме зголеми од пенал, а Ел Шарави намали во судиско.

Златан е феномен, го напаѓа Костакурта, најстариот стрелец во историјата на Серија А

Марко Балота и Џиџи Буфон како голмани некако ќе ги разбереме, па и дефанзивците меѓу кои се наоѓа по некој постар кој стои позади како командант. Ама напаѓач да не се дава на 40, па уште и во една од најтешките лиги за играње? Само Ибра.

Ибрахимовиќ за Моџи: Тој човек зрачеше со моќ

Златан на 3 октомври наполни 40 години. Го отвори Нада Топчагиќ со „Јутро је“, ама овој текст сега не е за тоа, туку за неговите двајца, односно тројца најмоќни гости, кои се од најголема важност за неговата кариера во Италија. Едниот го донесе, а другиот му тропна на врата дома во Шведска.

Незаборавен 40-ти роденден на Златан со Нада Топчагиќ како специјална гостинка

Возеа 600 километри од Рим само за да му ја донесат омилената риба, а роденденот го отворија се знае со која песна. 

И со одврзани врвки ќе ви дадам гол

Го повреди коленото, го пропушти европското и еве го со гол уште веднаш на кам бекот во Серија А. Со голот против Лацио, неверојатниот Златан е стрелец во 24 фудбалски сезони, а од акцијата има еден детаљ кој го потенцираа и од Милан.

Феноменот Златан Ибрахимовиќ за три недели полни 40 години, а даде гол во 21-ва сезона по ред

По пауза од речиси четири месеци, Златан се врати на терен и беше автор на триумфот на Милан од 2:0 против Лацио. Швеѓанецот со балканско потекло привлече внимание врз себе со новиот имиџ - фризура со плетенка.

Шева - Ибра 2:1 во последното соочување на Шведска и Украина

Шведска и Украина вечерва ќе имаат тешка и веројатно израмнета битка во која е тешко да се утврди фаворит. Последен пат се сретнаа во групна фаза на ЕП 2012. Тогаш испаднаа и двете селекции во групи, бидејќи се најдоа во друштво на Франција и Англија.

Ибра, дојди на мостот на Дрим

Асот на Милан ужива на својата јахта на Сен Тропе, а музичката подлога му е непроменета. Си тера во свој ритам.

Од Нада Топчагиќ, Ибра сврте на Аца Лукас

Се повреди, инаку ќе беше дел од селекцијата на Шведска на ЕП 2020, но пропадна таа работа. Али то није разлог да не попијемо.

Најголемите ѕвезди кои ќе го пропуштат Европско првенство

Од 11. јуни до 11 јули ширум Европа ќе се одржи празник на фудбалот. Како што секогаш бива, така и сега големото натпреварување ќе го пропуштат и некои големи ѕвезди.

И Ибрахиовиќ сакал да се вакцинира во Белград, му средил Станковиќ

Србија и натаму е своевидна „Мека и Медина“ за вакцини, па интерес за „пелцовање“ има не само од соседните земји, туку и од оние далеку побогатите. Замислете штом претседателот на италијанскиот прволигаш Удинезе слетал во Белград со жена му да се вакцинираат.

Нова мангупска асистенција на Златан

Втор настап на Ибрахимовиќ по кам бекот за репрезентација по пет години и повторно асистенција со стил, овој пат до Аугустинсон за водство на Шведска против Косово од 0:1.

Кам бек на Ибра во репрезентација со мајсторска асистенција вредна триумф

Топ не го бие Златан. По пауза од 5 години вечерва повторно заигра за Шведска и со 39 години и 173 стана најстар репрезентативец за својата земја. Швеѓаните ја совладаа Грузија со 1:0 на стартот на квалификациите со голот на Клаесон кој доби топка на тацна од Ибра кој му ја даде со стил.

Како Златан се ослободи од чуварот на Фиорентина

Милан викендов ја совлада Фиорентина со 2:3, но има една многу спорна ситуација која мина незабележано. При постигнувањето на голот за 0:1, Ибрахимовиќ дрско се ослободува од својот чувар Валентин Есерик кој се побуни на Инстаграм дека срамно е што не им го поништиле голот.

Ибрахимовиќ се расплака на прес

После цели 5 години отсуство од репрезентацијата на Шведска, Златан се врати во селекцијата со која играше на неколку големи натпреварувања. На прес конференција во пресрет на дуелите од квалификациите за Светско првенство 2022, Златан се расплака кога зборуваше дека не ги видел децата и сопругата поради строгите пандемиски мерки.