Зинедин Зидан како играч и тренер има освоено еден куп трофеи. Највредни му се светската и европската титула со Франција, а бројни пехари освои и на клупски план. Само едно нешто му бега од рака повеќе од 30 години.
Реал Мадрид ја искористи слабата форма на Барселона и го казни обидот на Каталонците за висок пресинг. Рамос, Модриќ, Бензема и другарите го надоместија сензационалниот пораз од Кадиз на домашен терен и по 7 кола веќе се одлепија на +6 од најголемиот ривал во Ла Лига.
Човекот е гениј. Освои еден куп титули со Реал во Лига на шампиони, замина на кратко, па пак се врати и стана шампион на Шпанија. Играчите просто уживаат со таков магионичар на терен.
Реал Мадрид се спаси на мечот против Бетис во саботата, по негатива од 2-1 го сврте резултатот 2:3 и победи. Во првиот дел имаше еден интересен момент кој камерите го забележаа.
Едниот е доктор, тоа знаеме и што сака прави со топката, а другиот е со мев и 13 години постар. Ама не е лош Карло, ај ти, ја има контролата. Инаку ова треба е да 2014-та или 2015-та кога Анчелоти го тренираше Реал, а Зидан беше на чело на Реал Мадрид Кастиља.
Творците на големиот шампионски успех на Реал Мадрид имаат исто потекло. Нивните родители се од северен Алжир а и Зизу и центарфорот се родени во Франција но не забораваат на своите корени.
Реал и Барселона се израмнија по вкупниот број на освоени трофеи во клупската историја. Верувале или не, со сите пехари кренати низ историјата во разно-разни натпреварувања, и „меренгес“ и „блауграна“ имаат идентичен број на трофеи.
Овој човек не знае по еднаш да ги освојува трофеите. Само три цели сезони е тренер на Реал Мадрид, инаку негов прв клуб во кариерата, а веќе сите ги дуплираше. За ЛШ пак да не правиме муабет. Пази ова: Во просек на секои 19 меча им носи по еден трофеј.
Каков е бре овој фудбал што го играше човеков? Ѕамброта ја изведува од аут, Зидан игра дупли пас со Дел Пјеро на прва. Му одат тројца, ама ги решава со еден потег, а потоа со другата нога ја кова во гол. Коментаторот: Индивидуална акција како за крај на светот.
Се играше во Глазгов на 15 мај 2002, а финалето го доби Реал Мадрид со 2:1 против Баер Леверкузен. Секој има право да каже и одбере кој му е омилен гол во финалињата од ЛШ, па така и ние. Ова е за нас број 1. Па ваква магија и елеганција имаше само тој во нозете.
Некои видеа се чиста коинциденција, но за да се случат треба да ги имаш луѓето, нели? Поранешниот доктор за фудбал неодамна на тренинг му асистираше на актуелниот доктор за фудбал. Врвна комбинација и реализација.
Добро бе како можеше така да го игра фудбалот овој човек? Таа велелепна мајсторија, елеганција и леснотија во нозете ја имаше само тој и кога ќе фатеше топка, мислиш ќе ти ја сокрие. Кан, Бордо, Јуве и Реал имаат посебна привилегија што го имаа.
Ѕвездата на ПСЖ зборува за тоа како добил шанса да тренира во Реал Мадрид, но кога видел кој го собира со кола од аеродром, толку имал трема што мислел дека сонува и му поставил глупаво прашање.
Шпанскиот lavozdegalicia.es носи една епизода во која тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан при пат до базата на клубот Валдебебас, удрил кола пред него.
На 10 февруари 1991 година, фудбалерот на Кан, 20-годишниот Зинедин Зидан го постигнал првиот гол на професионално ниво. На мечот против Нант во 26. коло од француската лига, Кан победил 2-1 а Зизу постигнал еден од головите.
Барселона и Реал Мадрид загубија во Купот и со тоа им се отвора можност трофејот да го подигне некој од Сосиедад, Билбао или Гранада, а можеби и второлигашот Мирандес. Зидан губи од кој стигне во ова натпреварување.
Тиери Анри, Роберто Карлос, Роналдињо, Лампард, Зидан, Џерард...Не можеш да ги мразиш овие ликови и не може да не ви недостигаат. Со нив израснавме. Со оглед на тоа што го прават сега во слободно време и да останеа уште некоја година, уште ќе мелеа.
Како и да ја вртиш, тоа е факт од кој нема бегање. Зинедин Зидан е специјалист за финалиња. Сите што ги одигра со Реал Мадрид ги победи, без ниту еден кикс, а во меѓувреме си даде и отказ па го вратија.
Саудиецот Турки Ал-Шеик кој е на чело на шпанскиот вторологаш Алмерија од лева страна, Марко Матераци, пардон Зинедин Зидан од десна. И по 14 години не умира шегата.
Деца на куп следат тренинг на Франција и пробуваат да стигнат до некој реквизит од големите ѕвезди. Хатем Бен Арфа ги лапа ракавиците на Зидан. Толку е возбуден што во еден момент ги мириса, а потоа за да е раат ги става под клуч во шкаф. На видеото се појавува и Турам.
Иднината на Бејл е под прашање: Велшанецот не сака да си оди, Реал е спремен да го продаде за 80 милиони евра, но на Бернабеу не стигнала никаква понуда до сега. Зидан има нешто против Бејл.
Него не можеш да не го сакаш или ако не го сакаш, мораш да го почитуваш. Ако Федерер е елеганција во тенисот, Зидан е во фудбалот. И никој, ама никој не може да го копира неговиот стил. Ова е дарба, знаење или интелигенција. Штета што ова уживање со европскиот првак од 2000-та трае само минута и нешто.