За среќа на сајтов никој не ни брои знаци и зборови, па тоа е едно гајле помалку. Но има (странски) медиуми и стручни списанија кои имаат многу строги правила околу должината на текстовите. Тоа подразбира „стегнат“ начин на изразување, што значи и исто таков начин на мислење. Дали ова е добро во смисла на ефикасност и прецизност, или напротив, го убива изразот?