Таг: вакцина ковид-19

Кој, колку милијарди ќе направи од ковид-19 вакцините

На Фајзер, кој постои од 1849, ова не му е прва епидемија, и некако успеа да има добитен кандидат во трката со вакцини (Бионтек) и со речиси 80.000 вработени минатата година имаше нето профит од 9,6 милијарди долари. Ама ги има и други.

10 држави искористија 75% од сите ковид вакцини во светот

Првиот човек на Обединетите нации ја оквалификува глобалната дистрибуција на вакцини како „крајно нееднаква и нефер“, а како главен аргумент за тоа е дека само 10 држави имаат потрошено 75% од глобалната залиха на вакцини.

Богаташите спречија Индија и Јужна Африка да произведат евтини ковид вакцини

Дозвола од Светската трговска организација ќе им овозможеше на земјите во развој да почнат да произведуваат генерички верзии на ковид-19 вакцини и лекови. Дозволата не беше дадена заради блокада од богатите членки на СТО, по основа дека таквото укинување на патентите би ја осакатило идната иновација.

Шведска нема да ја препорача АстраЗенека вакцината за 65+ демографијата

Речиси идентично на германските власти од пред некој ден, шведските здравствени власти објавија дека нема да ја препорачаат АстраЗенека ковид-19 вакцината за лицата над 65 години.

Германија нема ништо против користење руска или кинеска вакцина

Ако Спутник и Синофарм вакцините бидат одобрени од ЕУ, Германија нема да има никакви проблеми со нивно користење, изјавил германскиот министер за здравство Јенс Спан, кој деновиве е крајно благонаклонет кон речиси секоја вакцина до која може да стигне.

Не сите ковид вакцини се создадени еднакви

Бразил се жали на кинеската вакцина КоронаВак, од која во светот веќе се нарачани 380 милиони дози. Австралиските научници пак имаат сомнеж околу Оксфорд/АстраЗенека вакцината. И во двата случаи спорна е декларираната стапка на ефикасност на вакцините.

Тие што ќе одбијат вакцина, треба да се откажат и од респиратор

Секој што од себе познати причини нема да сака да се вакцинира против ковид-19, би било поштено да се откаже и од користење интензивна нега (ако не дај боже затреба).

Прашањата што ковид-19 вакцините сѐ уште треба да ги одговорат

Самото тоа што пред крајот на 2020 во светот ќе почне вакцинирање против ковид-19 е натчовечки подвиг, кој беше неопходен поради глобалниот хаос што го направи пандемијата. Меѓутоа глобалната итност не го менува фактот дека има уште многу работи што треба да се знаат за вакцината.

Дешифрирање на веста за вакцината на Фајзер

Една од ретките светли вести периодов беше дека првичните тестови на новата вакцина на Фајзер и Биоентеч дале многу добри резултати. И ова е важно, затоа што евентуално успешна вакцина е спасителот што го чека планетава. Меѓутоа во самата вест некои работи беа претерани, некои потценети.