Таг: токио

Токио рика

Едни што го изгледаа клипот се фатија за тоа колку е добро снимено видеото, па уште подобро и монтирано. Другите го форсираа текстот, затоа што те тера да се вдлабочиш во видеото и му дава логика. Аргументот на третите беше - вие глуви сте? Инаку, комплетот е разгледница за многуте ликови на Токио.

Денови, Токио

Работна недела во Јапонија. Почнува во понеделник, завршува во сабота навечер, а ти изгледа како да трае пола месец. Помеѓу, јадеш мусли.

Изгубена во преводот

Причината број десет е што ќе го видите животот во вселената. На девето место ќе го ставиме метрото и тоалетите. Има многу повеќе од десет за набројување. Но тоа што ќе се најде на врвот на сите ваши зошто, без разлика на вашата појдовна точка, ќе биде нешто невидливо. Ќе биде нивниот пристап кон малите и големите работи. Ќе биде нивниот модус вивенди кој ќе ве запрепасти. Ќе Биде чувството на колективност кое ќе ве засрами.  Еве зашто човек треба барем еднаш во живот да ја види Јапонија.

Како Токио ја замислува иднината

На секои две години авто-индустријата го окупира Токио за да ја покаже својата визија за иднината. Годинава се одржа 43-от Токио Мотор Шоу. Се собраа сите и Јапонци, и Германци и Французи.

Човекот што 2 пати настрада од Олимпијадата во Токио

Кога Токио ја добива Олимпијадата во 1964-та, тогаш 30 годишниот Кохеи Џино дознава дека ќе треба да се сели од својот дом бидејќи таму ќе се гради Олимпиското село. Токио ја доби Олимпијадата 2020-та, Џино повторно доби повик.

Јапонски тинејџерки и Богу сте драги

Бидејќи Токио е преполн со најразлични форми на реклами на кои никој не им обрнува внимание, една тамошна PR агенција се досети на еден "медиум" кој сите гледаат, а уште никој го нема искористено за маркетинг - бутовите на младите жените.

Токио, Мадрид и Истанбул во битка за ОИ 2020

Вчера се пошегувавме малку на сметка на Тулса, 43-от град по големина во САД кој нема базен, а планира да се кандидира за Летната Олимпијада во 2024 година, но сега ги имаме кандидатурите на трите светски метрополи кои водат финална битка за организација на ЛОИ 2020.