Таг: тепачка

Масовна рагби тепачка

Не дека кога играат рагби не се тепаат, ама репрезентативците на Белгија и Грузија поштено се измлатија на квалификациски натпревар за Светско првенство.

Тимска тепачка

Иранскиот фудбал бил многу интересен. По лудиот фудбалер кој прескокна ограда, оваа недела имаме видео од двајца соиграчи кои се истепаа на сред натпревар.

Тепачка без усул

Шокантните снимки доаѓаат од Чиле, каде на аматерски меч настрадаа двајца судии. Главниот делител на правдата легна на теренот и е потешко повреден, но зачудуваат боречките вештини на фудбалерите кои го оставија без заби помошниот судија.

Хокеј тепачка на годината

Тамам ќе заклучиме дека ја имаме тепачката на годината, некој друг ќе се погрижи да не демантира. За крај на годината, хокеарите на Хантсвил и Мисисипи од американската АХЛ лига ни приредија една квалитетна масовна тепачка.

Луди Турци

Навивачите од целиот свет се тепаат на фудбалските стадиони, а во некои земји сме гледале инциденти и на хокеј и ватерполо натпревари, но ова до сега го немавме видено. Навивачите на Бешикташ и Галатасарај прекинаа натпревар на кошаркари во инвалидски колички.

Кога судиите ќе возвратат

Во повеќето земји судиите страдаат од хулигани, но во Тринидад и Тобаго полицијата го спасуваше навивачот кој се обиде да го нападне помошниот судија.

Многу тепачки, малку камери

Легендарната изјавата на комичарот Родни Денџерфилд: „Вчера бев да гледам бокс и изби хокеј натпревар", по којзнае кој пат се потврди и на дело. На натпреварот од AHL (американската хокеј лига) помеѓу Портланд и Ворчестер имаше премногу тепачки, а на моменти и по неколку одеднаш па камерите не успеаја да ги регистрираат.

Голманска хокеј тепачка

Тепачките се честа појава на хокеј натпреварите, но обично голманите ја пропуштаат „забавата". Овие двајца голмани од младинска хокеј лига во САД решија да се вклучат во акцијата.

Таџикистански хаос

Гостинските фудбалери од екипата на Енергетик Душанбе едвај извлекоа жива глава на гостувањето кај Истаравшан на натпревар од првата лига на Таџикистан.

Хаос во Јужна Америка

Немили сцени на фудбалски натпревар од Копа Судамерикана, второто по ранг клупско натпреварување во Јужна Америка. На натпреварот помеѓу Серо Портењо од Парагвај и Колон од Аргенина се судрија полицијата, навивачите и фудбалерите.

Тепачка на младите Срби и Англичани

Репрезентацијата на Англија за фудбалери до 21 година победи на гостувањето во Србија со 0:1, но натпреварот имаше неславен крај.

Напредни фудбалерчиња

Бразилците секогаш нè изненадуваат со нивните видеа од натпреварите во пониските лиги, но овој пат претераа. Натпреварот помеѓу екипите до 13 години на Бахиа и Виториа беше прекинат заради масовна тепачка.

Полска нема раат од хулигани

Не, полската полиција не се подготвува за војна. Ова е само еден обичен фудбалски натпревар од четврта лига. Можете да замислите како е во прва лига.

Напредни хокеарчиња

Младинците од летонскиот хокеј клуб Бауер Селект и руски Локомотив од Јарослав си ги одмерија силите два пати во рок од два дена. А под „одмерување на силите“ подразбираме ќотек.

Масовна лакрос тепачка

Лакрос е чуден спорт со гумено топче и стап на кој има мрежа, но тоа не е важно. И онака ве интересира само тепачката. Погледнете како младинците на две канадски екипи поштено се измлатија.

Навивачки хаос во Истанбул

Турската полиција денес имаше тешка задача за да ги смирува навивачите на Фенербахче, Галатасарај, Панатинаикос и Олимпијакос.

Уругвајски фудбалски хаос

Фудбалерите на уругвајските клубови Серо Ларго и Серо ни приредија масовно млатење какво што одамна не сме виделе на фудбалските терени.

Прекин на романското дерби

Големото градско дерби на Клуж беше прекинато уште во 27-та минута по нападот на капитенот на гостинската екипа.

Тренерот на Фиорентина го натепа Љајиќ

Фудбалерот на Фиорентина, Адем Љајиќ доби ќотек од својот тренер, Делио Роси.

Кога тренерите прават клизачи

Многу искри во последните минути од еден натпревар во Швајцарија откако тренер му направи сопка на гостински фудбалер.

Масовна тепачка го суспендираше фудбалот во Израел

Една тепачка на второлигашки натпревар и одма суспендирани сите натпревари од прва и втора израелска лига. Па вака ако правеа во Македонија за секоја тепачка на натпревар од втора лига, тогаш фудбал воопшто немаше ни да се игра во нашата земја.

Ти на мене црвен картон

Бразилски фудбалер претепа судија по што наместо во соблекувална, беше директно испратен во ќелија.

Мексиканско навивачко нокаутирање

Мексико ја победи Канада со 3:1 и избори пласман на ОИ во Лондон, а втората победа се случи на трибините каде мексикански навивач нокаутираше двајца противници.

Во НХЛ ништо ново

Хокеј тепачките ни станаа редовна содржина на нашиот сајт, но овој пат акцентот е на реакцијата на тренерите.