Европското квалификациско лето заврши и со денешната ждрепка во Монако ги добивме групите во Лига Европа. Нашите репрезентативци Ељиф Елмас и Аријан Адеми ќе се судрат меѓусебе во дуелите на Фенербахче и Динамо. Тричковски и Мојсов ќе патуваат во Леверкузен.
Додека многу клубови работат „на слепо“ и носат играчи за кои новинарите пишуваат бајки, Рамон Родригез Вердехо попознат како Мончи има цела стручна методологија на работа пред да потпише со еден фудбалер и да го презентира во јавноста.
Наместо традиционалните два меча, од годинава за пехарот во шпанскиот Суперкуп ќе се игра само еден натпревар а за датумот се испокараа Севиља, Барселона и федерацијата.
На завршната церемонија за победникот во шпанскиот Копа дел Реј по традиција пехарот го креваат капитенот и заменик капитенот, но овојпат Лео Меси го отстапи местото за големиот Андрес.
Вториот дел од филмот на Хичкок во ЛШ од стадионот Олимпико во Рим продолжи на Сантијаго Бернабеу. Јувентус извади херојски 0:3 за еден час игра вредни продолженија, но судијата свирна пенал во последните секунди од мечот. Буфон збесна и доби црвен, а соочувањето со Роналдо од 11 метри го имаше Шчесни.
Четвртфиналната вечер во Лига на шампиони ќе биде запаметена по долгиот аплауз кој навивачите на Јувентус му го приредија на Кристијано Роналдо за неверојатниот гол со ножички. Баерн ја освои Андалузија.
Реал Сосиедад на времето не изгубил 38 меча во Ла Лига: 6 во сезоната 1978/1979 и дури 32 меча во сезоната 1979/1980 кога забележал 20 победи и 16 нерешени. Страшната серија им завршила на „Рамон Санчез Писхуан“. На 11 мај 1980 година Севиља го победила Сосиедад со 2-1.
Само што влезе во игра шпицот на Севиља Висам Бен Једер во рок од 4 минути даде два гола и го исфрли Манчестер Јунајтед од Лига на шампионите. Жозе Мурињо после мечот имаше скандалозно излагање.
Ако на некој уште не му е јасно што му се случи синоќа на Манчестер, Мурињо, господинот 120 милиони евра, а особено на Крис Смолинг, ќе сфатите од фотографијава.
Фудбалерите на Севиља за првпат во клупската историја се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако на „Олд Трафорд“ го победија Јунајтед со 1:2. Рома патува во следна фаза после десет години.
Мурињо покажа дека е голем стручњак зошто на така важен меч го седна Погба на клупа а го стави малиот Скот МекТоминеј во првите 11. Кога еден новинар се сетил да го праша за тоа, Жозе направи добар гест.
Фудбалерите на Шахтјор се изборија за голем пресврт на дуелот со Рома и можат да жалат што нема да патуваат со поголема предност во Рим. Алисон Бекер вечерва бранеше во стилот на неговиот колега Давид Де Хеа, кој не и дозволи на Севиља да реализира чисти шанси.
Хрватот Шиме Врсаљко е хит во Шпанија. По завршувањето на Куп натпреварот меѓу неговиот Атлетико Мадрид и Севиља, тој до толку се забуља во телефонот, што по грешка им се приклучи на фудбалерите на Севиља. Циркуз.
Севиља го совлада Атлетико Мадрид со 3:1 во Копа Дел Реј. Првиот гол и да сакаа не можеа да го постигнат побрзо. Уште незагреани ја направија една од најубавите акции оваа сезона во шпанскиот фудбал. Во 25-та секунда 1:0. Сигурно и Монтела си рекол: Што направија бе моиве?
Дел од прогнозерите кои синоќа типуваа на Ливерпул после пола саат игра од мечот со Севиља го кружеа овој пар на ливчето. Исто како што го кружеа на времето Милан со Ливерпул.
Да се вратиш во Лига на шампиони од 0:3 на 3:3 е многу тешко. Синоќешниот таков развој на настаните во Шпанија, потсети на финалето од 2005-та, кога Ливерпул тоа му го стори на Милан. Зад овој херојски бод има друга позадина.
Фудбалерите на Реал Мадрид, Тотенхем и Шахтјор се единствените домаќини кои со 3 бода стартуваа на вечерашните средби од првото коло во ЛШ. Ливерпул промаши пенал при водство од 2:1 против Севиља и на крајот остана без победа.
Шпанскиот репрезентативец Витоло (27) кој три пати ја освои Лига Европа со Севиља, решил да потпише со Атлетико Мадрид кој е суспендиран и не смее да купува играчи до јануари, но нашол дупки во правилата.
Реал е под страшен притисок од Барселона така што секој бод злато му вреди. Така беше и синоќа против Севиља каде тимот од „Сантиаго Бернабеу“ поведе 1:0 после голот на Начо од слободен додека живиот ѕид не беше наместен. Голот е регуларен, но од аспект на фер-плеј не е коректен.
Фудбалската дрскост уште на 10 години го направила подобар играч од постарите деца. Од своето село се сели во големиот град Баија каде три месеци не се појавил во школо поради што мајка му му ги тегнела ушите.
Од резервен голман кој немал пари за асален саат, Рамон Родригез Мончи стана еден од најбараните спортски директори во светот кој на Севиља и донесе 9 трофеи. За влакно не ја послуша жена му да си заминат од Севиља, одлука по која можеби немаше да биде тоа што е денеска.