Таг: оле гунар солскјер

Солскјер создаде идентитет и го оживеа и Рашфорд

Oд Манчестер Јунајтед си замина тренер со педигре и 25 трофеи во нецели две децении, а го замени младич кој сега почнува да го учи занаетот. Ама ништо не значат името и бројките. Важна е новата енергија која кружи во тимот и која ги опива играчите.

Денот кога Солскјер влезе од клупа и даде 4 гола за 10 минути

Оле Гунар е прав миленик на навивачите од „Олд Трафорд“. Не само поради легендарниот гол против Баерн 99-та кога им донесе пехар во Лига на шампиони, туку и поради многу други епски погодоци.

А ќе си речеш којзнае што пишува на листот од договорот

Антони Марсиал потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед до 2024 година. Французинот ги издржа сите неволји со Мурињо на клупата за резерви и заслужи нов договор. Но листот на кој пишуваше е чуден.

Вистинскиот испит на Солскјер допрва следува

По заминувањето на Жозе Мурињо, Манчестер Јунајтед е во транс. Игра одличен напаѓачки фудбал според филозофијата на нивниот тренер кој беше напаѓач и само победува. Уште три кола, па одат да ги полагаат најтешките испити.

За успехот на Јунајтед не е заслужен само Солскјер, туку и еден човек од сенка

Неговото влијание во Јунајтед било големо уште во ерата на големиот Сер Алекс кој лично се заложил Фелан да се врати во клубот затоа што ги познава состојбите од внатре. Идејата на Ферги била полн погодок.

Стани чичо да седне, мал си за тука

Алексис Санчез во епизодата “сакам да бидам наследник на Мурињо“.

Колку е убаво кога се враќаш дома како легенда

Што ти значи кога си утепан со игра и резултати и наеднаш менуваш терен, кој се разбира треба да го погодиш. Одма се чувствува друга енергија во клубот, се гледа залагањето кај некои играчи кои биле скарани со претходниот и едноставно се раѓа друга игра која дава резултати.

Сите го викаат Солскјер а самиот кажа како се изговара презимето

Нема стриктно одредено правило во кој јазик како се изговара па мораме и ние така. Некои новинари сакале лично од усните на Оле Гунар да слушнат како се презива и тоа да го земат за оригинал. Ама тој им вика да изговараат како им е најзгодно зошто и неговите дома имале проблем.

Навивачите на Ман.Јунајтед почнаа да грмат за Оле

Поубаво деби Оле Гунар Солскјер на клупата на Јунајтед не можеше да посака. Му отиде на гости на Кардиф и го смачка со 1:5. Каков само јак резултат за старт по бркањето на Мурињо. Навивачите веднаш го наградија со скандирање.

Првото нешто што го направил Сослкјер кога се вратил на „Олд Трафорд“

Дента на неговото враќање во својата база, новиот тренер на „црвените ѓаволи“ решил прво да се види со неговата најомилената личност таму.

Како новиот тренер на Манчестер, Солскјер води тренинзи

45-годишниот Оле Гунар Солскјер го паметиме како голгетер кој најчесто влегуваше од клупата и даваше голови. Тој веќе некое време е тренер на норвешкиот Молде но од денес и официјално ќе седне на клупата на Манчестер Јунајтед. Договорот важи до јуни следната година, кога Солскјер ќе се врати одново во Молде (освен ако не направи чудо на „Трафорд“).

Кога Хичкок ќе режира драма во фудбалот

Вчерашната инфаркт завршница меѓу Барселона и ПСЖ не е единствен пресврт во историјата на фудбалот. Ретко кој ќе го заборави Солскјер и ’99-та или Депортиво и Ливерпул против Милан.

Црвениот картон на Солскјер кој не го прифати Фергусон

„Во Јунајтед никогаш не победуваме на таков начин, ние победуваме со фер плеј“, изјави легендарниот стратег на Манчестер Јунајтед пред точно 18 години по овој очаен начин на напаѓачот на Манчестер да спречи гол на Њукасл.