На мечот меѓу Денвер Нагетс и Портланд Трејлблејзерс кои играа дури 2 продолженија и меч на кој Дамјан Лилард одигра џордановски со страшни 55 поени и тројка за продолжение, Никола Јокиќ имаше еден луд пас преку цела противничка одбрана до Мајкл Портер јуниор кој уфрли тројка.
Најлуд меч во досегашниот тек од НБА плејофот одиграа синоќа Денвер Нагетс и Портланд Трејлбејлзерс. Нагетси славеа дури после две продолженија 147-140 и сега водат 3-2 во серијата.
По уште еден сјаен меч на кој постигна 38 поени во плејофот против Портланд и со неговиот Денвер израмни на 1-1 во серијата, Јокиќ ги стави слушалките да се вклучи во емисијата кај што Шек е домаќин.
Денвер Нагетс го победи Шарлот со 117:112 и обезбеди предност домашен терен во првото коло од плејофот. Никола Јокиќ одново развали и покажа зошто веќе не треба да има дилеми кој да стане МВП на сезоната.
Денвер го совлада Њујорк Никс 113:97. Внимавајте добро на резултатот од првата четвртина, заврши 34:12. Никола Јокиќ сам постигна двојно повеќе поени од цел тим на гостите. Слободно може да ја констатираме за најдоминантна четвртина во неговата кариера и една од најдоминантните негови партии во НБА-лигата. 8/9 имаше од поле.
Лос Анџелес Лејкерс конечно победи. Ја прекинаа серијата порази со триумф над Денвер Нагетс 93-89. На овој меч Никола Јокиќ постигна 32 поени, 9 скока и 5 асистенции, а на другата страна Ентони Дејвис уфрли 25 поени со 7 скока. Токму „веѓата“ од Лејкерс во еден момент проба да куца преку Србинот кој остана ладен ко шприцер.
Кошаркарите на Њу Орлеанс имаа 10 секунди до крај за да ја анулираат предноста на Денвер од 2 поени разлика, а во драматичното бркање најприсебен беше Никола Јокиќ кој ѕверски го запели Зајон Вилијамсон за триумф на својот тим. Ете и во вакво издание го видовме.
На Никола Јокиќ синоќа му беше доволно само едно полувреме да запише дабл-дабл учинок, а потоа и со поштеда во вториот дел да го заврши мечот со 25 поени, 15 скокови и 5 асистенции во победата над Мемфис од 120:96. Момци џабе ќе се трудите да се вратите во одбрана.
Ново МВП издание на Никола Јокиќ кој експлодираше против Мемфис со 47 поени, 15 скока и 7 асистенции. Српскиот интернационалец беше клучната фигура на паркетот во тимот на Денвер кој по две продолженија го доби Мемфис тесно со 139:137.
Кралот на асистенциите меѓу центрите во НБА има нешто ново да ви каже. Него не е човек да го удвои, бидејќи така само се лаже дека ќе спречи нешто. Коментаторите веќе се без зборови и се смеат на неговите потези, а Денвер на Твитер вели вака:
Кога е сериозен прави бељи на терен и руши рекорди, како пред една недела кога по 81 пат во кариерата стигна до миниум 10 асистенции на натпревар и со тоа го урна рекордот на Вилт Чембрлен. Ама кога е во елемент прави доволно хумор за да може сите комични моменти да му ги соберат во едно.
Веројатно сите помислија дека Јокиќ во оваа акција ќе оди на дупли пас, ама не, дечкото смисли нешто сосема друго, навидум лесно и едноставно, ама треба да ти текне ваква асистенција до Арон Гордон преку тројца. 21 поен, 10 скока и 5 асистенции за српскиот кошаркар и победа на Денвер над Филаделфија со 104:95.
Кој вели дека синоќа не беше во елемент? Можеби играчки да, ама затоа српската НБА ѕвезда правеше шоу на свој начин. Внимавајте му ги добро покретите. Забава за сите пари.
Во јубилејното 70. издание на НБА Ол-Старот, во „Стејт Фарм“ Арената во Атланта, тимот предводен од Леброн Џејмс и Јанис Антетокумпо издоминира јако против тимот на Дурент 170:150, по четвртини /40:39, 60:41, 46:45, 25:24/.
Откако се забавуваше со Лука Дончиќ кој заигра оро на паркет, па сам го победи Бостон, Шекил од студио пројде добро време и со српскиот центар Никола Јокиќ. Џокерот со 41 поен го урна Портланд Трејблејзерс 111:106. Никола имаше 17 погодени шута од игра од 32 обиди (3/6 за три), 5 скока и 5 асистенции.
Веќе стана три децениска традиција НБА лигата да блеска со балкански сјај и тоа со играчи кои се сериозно опасни со баскет в рака. Со други зборови колото беше лудачко, затоа што вечер за паметење имаа Јокиќ, Дончиќ, Џејмс и Кари.
Никола Јокиќ дефинитивно е кандидат број 1 за МВП на сезоната во регуларниот дел на сезоната во НБА. Суперѕвездата на Денвер Нагетс против Сакраменто Кингс синоќа уфрли 50 поени (17/27 за два, 3/5 за три поени и 7/7 скокови), 12 асистенции и 8 скока за 22 дабл-дабл по ред.
Српскиот центар игра неверојатна сезона, а синоќа против Јута го израмни личниот рекорд со 47 поени од кои дури 22 во првата четвртина. Јокиќ во триумфот на Денвер против Јута 128-117 имаше и 12 скока за 20-ти дабл-дабл по ред, 5 асистенции и 2 украдени топки.
Еден од дописниците на РТС од САД, Александар Жигиќ преку видео повик се обиде да му постави неколку прашања на Никола Јокиќ, центарот на Денвер Нагетс. Ама...
Денвер и Далас Маверикс одиграа супер дуел кој го добија Нагетси 117:113. Јокиќ уфрли 20 поени и 10 скока, а Дончиќ одново имаше ѕверска партија со трипл-дабл.
Нова доминантна партија на Никола Јокиќ кој оствари трип дабл со 23 поени, 14 скокови и 10 асистенции, а Денвер славеше против Голден Стејт со 114:104. Србинот беше во центарот на вниманието, ама и Шек кој во обид да му каже браво за играта на неговиот мајчин јазик, тој на руски фати.