Таг: нба ол стар

Првиот пик во сенка на Перо Антиќ

Нашиот фантастичен дебитант Перо Антиќ си доби место на натпреварот на ѕвездите во подем на Ол Стар викендот, а таму нема да го видиме првиот пик на драфтот Ентони Бенет. Ова до сега се има случено само еднаш во историјата на НБА.

Перо Антиќ ќе игра на Ол стар!

Првиот Македонец во НБА лигата продолжува да пишува нови поглавја во историјата на нашата кошарка. Перо Антиќ е избран во идеалниот тим на ѕвездите во подем кои ќе настапат на Ол стар викендот.

Перо мора да оди на Ол Стар!

Ја започнавме иницијативата за праќањето на Перо Антиќ на Ол стар и решени сме да ја тераме работата до крај, на овој или оној начин. Перо мора да оди на Ол стар, па ако не може на главниот натпревар, тогаш сигурно мора да може на мечот на ѕвездите во подем!

Да го носиме Перо на Ол Стар

За прв пат оваа сезона имаме Македонец во НБА лигата, па зошто да не го пратиме и на Ол стар натпреварот. Гласајте за Перо Антиќ!

Западот повторно подобар во НБА

Трета година по ред Западната конференција триумфира против колегите од Истокот на натпреварот на сите ѕвезди во НБА лигата. За МВП на натпреварот беше прогласен Крис Пол од ЛА Клиперс.

Рос крал на забивањата, Ирвинг најдобар тројкаш

Во саботната ноќ на програмата на Ол стар викендот во Хјустон најатрактивни беа натпреварите во забивање и шутирање тројки. Најдобар забивач беше Теренс Рос од Торонто, а Кајри Ирвинг од Кливленд е победник на натпреварот во шутеви за три поени.

Баркли поуспешен од Шек

Со натпреварот помеѓу двете екипи скроени по вкусот на поранешните ѕвезди Чарлс Баркли и Шекил О'нил стартуваше 62 издание на НБА Ол стар викендот кој се одржува во Хјустон.

Познати забивачите на „Ол стар“ викендот

НБА ги соопшти имињата на кошаркарите кои следниот следниот викенд ќе се борат за титулата најдобар забивач во лигата. На натпреварот во забивање оваа година ќе се појават и двајца поранешни шампиони.

Леброн и Коби ги предводат првите петорки на Ол стар

НБА лигата ги објави имињата на кошаркарите кои добија најмногу гласови за Ол стар натпреварот. Првата петорка на западот ја предводи Коби Брајант, а на истокот е Леброн Џејмс.

На западот ништо ново

Втора година по ред кошаркарите од Западната конференција ги победија своите колеги од Истокот на НБА „Ол стар“ натпреварот на кој беа срушени неколку рекорди, а беше скршен и еден нос.