Селекцијата на БиХ се избори за прво историско учество на СП Бразил 2014, а се надеваа дека за прв ќе ги има и на ЕП, ова во Франција. Последната пречка која не ја минаа беше Република Ирска во баражот. Нивните навивачи го следат Европското и жалат што не се таму, но прашуваат дали им стало и на играчите или поубаво им е на море.