Навивачите на Наполи се “болни“ за фудбал и ако се случеше да го урнат Европскиот фудбал ќе го превртеа градот наопаку. Без разлика дали ги сакате или не, пуштете ги звучките троа посилно и слушнете ја химната на ЛШ, а особено онаа ерупција од Сан Паоло на вчерашното четвртфинале. Да се наежи човек.
Лига Европа можеби го нема истиот квалитет за гледање фудбал како Лига на шампиони, ама секогаш нудел квалитетни навивачки претстави за гледање. Синоќа во преден план беа навивачите на Сент Етјен на Олд Трафорд.
Манчестер Јунајтед пред 10 години ја смачка Рома во Лига на шампиони со 7:1. Одличен повод за навивачите на Лацио со години да му фаќаат сеир на нивниот најголем ривал за висината на поразот.
Ако се прецизни овие истражувања, тогаш излегува дека актуелниот шампион на Италија има 181.000 навивачи повеќе од двете екипи од Милано, а интересно е што најголемиот дел од нив не се од Торино и околината.
Нашето јубилејно 10-то запознавање со фан клубовите од Македонија е со навивачите на Арсенал кои веќе една деценија се организираат во чест на нивниот омилен клуб. 150 се регистрирани членови, а 80 од нив беа неодамна на гостување во Софија на ЛШ, каде урлаа од радост на пресвртот кој го направи Озил со мајсторија во финишот.
Покрај неизоставниот „Енфилд Роуд“, тука се уште и стадионите на Севиља, на Урава Ред Дајмондс од Јапонија, Рома, Фенербахче, Борусија Дортмунд, Селтик. ПАОК, Розарио Централ.
Во Англија одењето на стадион е како семејна традиција со години, ама мајкава со овој памет ептен ќе заврши работа во воспитyвањето на децава кои го бодрат третолигашот Милвол. Плус веројатно таткото е џандар.
Сигурно некој од вас кога бил ограничен со кеш додека посетувал некоја метропола, морал да одбере дали да купи карта за туристичка прошетка на стадион или за натпревар. Ако ги сакате и двете само со пари за посета на стадионот, еве една луда и успешна идеја која бара храброст, неспиење и гладување.
Анти-УЕФА кореографија синоќа имаше во Копенхаген на мечот на данскиот шампион против Порто. Данците се придружија на многу други навивачки движења во борбата за еднакви права на сите клубови.
Кога срцето на зетот освен за невестата бие за клуб кој го поддржуваат и неговите другари, кумот, старосватот и братучедите, тогаш нема потреба од машка фотка, туку видео кое потоа ќе го пушта дома до даска едно 100 пати. Се работи за Фоџа.
Шалке викендов го игра големото дерби во Бундеслигата на гости против Борусија Дортмунд за кое навивачите живеат секоја сезона. Затоа тие се погрижија последниот тренинг пред мечот на сезоната да е поразличен од другите.
Тешко е да се даде еден и единствен одговор на што се должи резултатот од оваа анкета, ама едно е сигурно, Манчестер Јунајтед е еден од оние клубови сo огромен број на фанови кои се странци.
За бројките околу посетеноста на стадионите во водечките топ 5 лиги пишуваме секоја сезона. Излезе статистика за стартот на новата во која Италијанците повторно треба да размислат кај тераат, а Германците со помош на својата одлична политика спрема навивачите не го даваат тронот.
Една кореографија вклучува разни елементи: балони, барјаци, пиротехника и најчесто најтешкиот дел популарната шеталица. Навивачите најчесто ја цртаат и за тоа им требаат денови и ноќи пред големите натпревари. Притоа треба да мислат и на други работи како пароли, нови знамиња и слично за целата кореографија да биде без грешка.
Навивачите на Сан Лоренцо дефинитивно ги имаат најмелодичните навивачки песни во латинска Америка. Покрај многу свои дела, Ла Глориоза знае и да направи препев од некој хит, па така сега актуелна им е DUELE EL CORAZON од Енрике Иглесиас која што грми на трибини.
Освен вообичаените вести кои доаѓаат од овој дел на светот, ретко кој знае дека таму се игра и добар фудбал пред полни трибини. Еден навивач на ирански прволигаш е слеп, но редовно ги следи натпреварите со помош на својот најдобар другар кој му ги коментира настаните на теренот.
По неколку години во пониските лиги поради банкрот, армејскиот клуб ЦСКА Софија повторно се врати во првата лига каде се сретна со вечниот ривал Левски Софија. Мечот заврши 1-1, а дербито го одбележи сценографијата на навивачите на Левски.
Пољаците се враќаат во Лига на шампиони по пауза од 21 година и веднаш успеваат да го свртат вниманието. Најпрво со спекталурна кореографија во нивниот препознатлив стил, а потоа со тепачка со редарите, ама со спрејови.
Големото дерби меѓу Феенорд Ротердам и Ден Хаг го одбележа можеби потегот на сезоната на гостинските навивачи. Откако станало извесно дека дуелот ќе го гледаат деца со разни заболувања од ротердамската болница „Sophia“, навивачите на Ден Хаг дознале дека ќе седат во секторот над трибината каде што ќе бидат децата, па решиле да ги израдуваат.
На 10. мај Чеканите го одиграа последниот меч на Аптон Парк кој им беше дом 112 години. Во новата сезона почнуваат на Олимпискиот стадион во Лондон кој го изнајмија на 99 години. Нивната химна „I'm Forever Blowing Bubbles“ од преку 50.000 грла звучи повеќе од одлично. Појачајте ги звучките.
Кога во еден момент суетен, фрустриран и арогантен човек ќе се здобие со прилика да води голем колектив, резултатот е: празни трибини, пустелија од стадион, многу непријатели и реалното прашање мораше ли вака?
Играат Портланд Тимберс и Сиетл Саундерс во западната конференција на МЛС Лигата. Тоа е доволен повод навивачите на Портланд да измислат хорор сцена со Фреди Хругер.