Таг: маурицио сари

Кепа изгледа го заврши своето на голот сезонава

„Се извини на стручниот штаб и на соиграчите, но не беше доволно. Направи голема грешка, но мора да бидеме толерантни. Не сакаме да го убиеме него, клубот има своја позиција. За мечот (со Тотенхем) Кепа можеби нема да биде на голот можеби ќе биде“, изјавил синоќа тренерот Маурицио Сари на прес-конференцијата.

Сари се вади дека не го видел Гвардиола, затоа не се поздравил

Откако Сити со историски 6-0 го демолираше Челси синоќа, по крајот од мечот италијанскиот стручњак тргна кон соблекувалната и додека Гвардиола му пружаше рака, овој само го одмина. После во соблекувални се решил проблемот.

10 малку познати факти за Гонзало „Пипита“ Игуаин

Аргентинскиот центарфор потпиша договор со Челси и веројатно го направи најголемиот трансфер во зимскиот преоден рок. Што знаеме за него?

Наполи во Лига на шампиони - единица мерка за немање среќа

Наполи има исто бодови колку Ливерпул, иста гол разлика, но не оди понатаму само поради помалиот број дадени голови. Неверојатно колку тимот од југот на Италија нема среќа во групната фаза од Лига на шампиони.

Пеп не знае да трпи пораз

Иако важи за еден од најдобрите и најтрофејните тренери во историјата на фудбалот, Гвардиола важи за човек со незгоден карактер кој не секогаш знае да признае пораз. А Маурицио Сари синоќа му одржа лекција.

Сторија за јунакот на Интер - Матиас Весино кој на 14 години останал без татко

Кога во Италија повеќе го ценеле неговиот фудбал отколку во родниот Уругвај, тогашниот селектор Антонио Конте го убедувал да заигра за „Аѕурите“ но Весино останал верен на својата земја и чекал повик од татковината.

Тренерот на Челси ги остава цигарите поради татко му

За одличниот италијански стратег Маурицио Сари (59) и неговата страстна пушачка навика летово се пишуваше повеќе отколку за неговиот стил на игра, необичниот живот и тренерскиот пат.

Десет цитати на интригантниот претседател на Наполи

Сопственикот на италијанскиот Наполи е еден од поинтересните претседатели на фудбалски клуб во Европа. Аурелио Де Лаурентис е познат режисер во Италија и основач на компанијата Filmauro. Во 2004 го купи клубот Наполи за 35 милиони евра и шоуто почна.

Сари пуши ко Турчин

Премиер лигата или ќе му донесе поздрава плуќа и заштеда или пак може ќе му направи “услуга“ како што му направи еднаш Лајпциг, бидејќи Сари во просек издржува само 12 минути без цигара во рака.

Тренерот на Челси до 40 години работел во банка па напуштил за Серија Д

„Го знам јас него, уште од првиот ден кога дојде овде заедно работиме. Тој нема да отстапи од животниот сон да стане професионален фудбалски тренер“, рекол колега на Маурицио од банкарските денови. И погодил.

На тренерот на Челси му се пали цигара, му се плаче, ама забрането е

Кариерата на харизматичниот Маурицио Сари во Англија започна не баш едноставно. За него велат дека тој не пуши само кога спие.

Како 169см високиот Мертенс стана врвен шпиц

Да видиш фудбалер висок „метро и жилет“ како се бори со крупните стопери делува комично. Но на Маурицио Сари и Дрис Мертенс ама баш ич не им делуваше комично, напротив направија експеримент од кој произлезе најдобрата лажна деветка која некогаш играла во Серија А.

Реал - Наполи кога Сари бил банкар, Зидан дете, а Марадона не се видел

На 16. септември 1987 Реал го победил Наполи во првиот меч од Купот на Шампиони. Се играло на празен Бернабеу, а Марадона не се видел.Пред 30 години ниту со Диего Марадона Наполитанците не успеале да направат подвиг против големиот Реал.