Во неодамна објавена колумна, Маргарет Атвуд го искажа својот став кон кампањата #MeToo, што по себе повлече очекувана реакција - дека е „предавник на феминистичката кауза“. По серија напади на Твитер, таа саркастично напиша: „Еве, паузирам од тоа да бидам Супериорната Божица, семоќна и сеприсутна и одговорна за сите зла. Се извинувам што не излегов достојна во борбата за родова еднаквост“