Фудбалерите на Манчестер Сити го згазија Спортинг 0:5, ама не можеа да се вратат дома најбезбедно. Пилотот се обидел да слета на ветер силен 74 км на час и после 15 минути борби со невремето, авионот го усмерил на аеродромот во Ливерпул. Ова за гледање не е убаво, а не па да си внатре.
Дел од резултатите на Манчестер Сити оваа сезона се: 5:0 Норич, 5:0 Арсенал, 1:5 Клуб Бриж на гости па 4:1 дома, 6:1 Викомб, 6:3 Лајпциг, 7:0 Лидс, 0:4 Њукасл, 6:3 Лестер, 1:4 Свиндон, 4:1 Фулам, 0:4 Норич и синоќа 0:5 Спортинг. Доволно е?
Манчестер Сити стана прв клуб во историјата на ЛШ кој успеал во нокаут фаза да води со 4 гола разлика на полувреме. 0:5 славеа на крај, резултат по кој Спортинг нема што да бара на Етихад. За репитиција се головите на Рахим Стерлинг и Бернардо Силва.
Манчестер Сити му одржа фудбалска лекција на Лидс и го почасти со седмица. Граѓаните решија да не примат гол и ептен запнаа во одбрана, како на пример Рубен Диаз кој создаде комична сцена во шеснаесетник.
Манчестер Сити убедливо со 3:0 го доби Евертон, победа со која се држи втор на -3 од лидерот Челси. Мора да издвоиме два јаки моменти од мечот, а тоа е асистенцијата на Жоао Кансело први првиот гол и проектилот на Родри за 2:0. Воопшто не ни требаше да се фрла голманот.
Супер ефикасна вечер во 3. коло од Лигата на шампионите. Голови паѓаа како дожд во Бриж, во Истанбул, во Мадрид, во Амстердам, во Доњецк, во Париз. Гризман даде два гола против Ливерпул за брзо израмнување на резултатот, ама после направи глупост и доби црвен картон со што го чинеше тимот пораз.
Ливерпул и Манчестер Сити одиграа спектакуларно дерби на „Енфилд Роуд“ кое заврши 2:2. Дриблинзите на мечот ги имаше Португалецот од Сити кој ги шина противничките чувари.
ПСЖ има предност од 1:0 по првото полувреме на дербито на колото во Париз, а Манчестер Сити ја направи утката на месецот по која Пеп Гвардиола се држеше за глава. Две пречки за две секунди и драма пред голот на Донарума.
Габриел Жезус го реши дербито на колото во Премиер лига и му донесе големи 3 бода на својот тим на Стемфорд Бриџ. Најчудниот дуел на мечот го имаа Аспликуета и Грилиш.
Навикнат е Пеп неговите екипи да играат убав, допадлив фудбал за публика. Со многу додавања, врвни акции, дриблинзи, шанси. Ама се збуни кога го виде голманот Едерсон како си игра на сред терен против Вулверхемптон.
Левиот бек на шампионот на Англија и светски шампион со Франција од 2018, Бежамин Менди веќе неколку дена се наоѓа во притворска единица во затворот HMP Altcourse во Ливерпул, поради четири обвиненија за сексуален напад и силување.
Во свежиот документарец на Манчестер Сити „Заедно“ (Together) премиерно прикажан на клупскиот Јутјуб канал кој раскажува за последните неверојатни недели од минатата сезона, има и едно необично откритие.
Пред 14.100 гледачи (официјално од УЕФА) на велелепниот „Драгао“ во Порто, Челси со маестрална тактика поставена од Томас Тухел, заслужено по втор пат во историјата ја освои титулата во Лига на шампиони. Првпат после 2012-та година и десантот во Минхен на Дрогба.
Фудбалерите не ги бие баш глас дека се ултра талентирани да совладаат странски јазик на курс и часови предвидени за тоа. Ама па 10 години да си дел од еден клуб, да му донесеш децениски чекана титула, да станеш најдобар стрелец во историјата и навивачите да те сакаат како најроден, па 2 збора да не научиш.
Англискиот шампион, освојувач на Лига Куп сезонава и финалист на Лига на шампиони, Манчестер Сити има супер комуникација со навивачите преку разни клупски канали. И ете го викнале забавниот Менди да прави штосеви на најмладите, ама...
Додека ние од еуфорични 10.000 карти за натпреварите на Македонија на Европско првенство паднавме на претпоставки за 6.000 па на крај стигнавме до мизерни 2.000, УЕФА за финале на ЛШ дава преку 12.000 влезници.
Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Сити, главниот творец на најголемите клупски успеси, Серхио Агуеро синоќа доби шанса од клупата на 5 минути пред крајот од реваншот со ПСЖ. Ама не му беше јасен четвртиот судија кој му ја утнал бројката па Кун гледаше збунет.
Фудбалерите на Манчестер Сити по вторпат го победија ПСЖ, овојпат на својот стадион. Со двата гола на Ријад Марез после феноменално одработени акции, Сити славеше 2-0 и заслужено оди во големото финале.
На Манчестер Сити синоќа не му влијаеше лошо првото полувреме кое го одиграа лошо и губеше 1:0. Напротив, кога излегоа во второ им писнаа на Парижаните и со одлична пас игра заслужено стигнаа до пресврт.
Второто полуфинале на најбогатите светски клубови понуди супер атрактивен фудбал. Домаќинот прв поведе во првиот дел и имаше контрола над мечот, а Сити сосема случајно израмни и во 7 минути направи целосен пресврт.
Фудбалот набрзо веќе нема да биде онаков каков што го знаеме. Најбогатите елитни клубови решија да го делат колачот само за себе, не со посиромашните клубови. УЕФА и ФИФА спремни да удрат со сите оружја.
Фудбалерите на Ливерпул нека си пуштат снимка и нека ги бројат многуте шански кои ги испуштија на свој терен против Реал и фантастичниот Куртоа. Борусија Дортмунд во прво полувреме имаше резултат за полуфинале, но таму оди Манчестер Сити.