Таг: комити запад

Комити се пофалија со навивачки плен од Бугарите

Навивачите на Шкупи и Левски синоќа имаа бурна ноќ со инциденти во Чаир и на стадион и биланс од 21 уапсен и еден прободен. Некаде, некако во близина биле и навивачите на Вардар кои скришно им дрпнале навивачки реквизити на гостинските навивачи.

Миленковски: Вардар е клуб на народот и симбол на Македонија, целиме на 500.000 евра од сезонски карти

По стартот на акцијата за продажба на сезонски карти, Комити заедно со тројца фудбалери на Вардар одржаа прес конференција за да ја запознаат јавноста со состојбата на клубот и плановите за иднина.

Купи сезонска карта за Вардар за илјадарче

Навивачката група Комити како нови газди на ФК Вардар кои целосно го преземаа клубот, ја стартуваат првата акција пред стартот на сезона. Нудат сезонски билети од 1.000 денари за сите домашни натпревари. Парите ќе одат во касата за функционирање на клубот.

Комитска фешта на првиот тренинг на Вардар

ФК Вардар ги запали моторите и почна да се спрема за кам бекот во прволигашката конкуренција. Се вратија на Градски, нивниот дом со децении и уште на првиот тренинг добија голема поддршка од Комити.

Комити стануваат нови газди на Вардар

Големи историски новости се случуваат во Вардар. Слободан Крстевски аут, Комити ин. Обезбеден е и доста солиден буџет за првата полусезона.

12 скопски општини дале збор дека ќе го помагаат Вардар

По макотрпната работа околу помош и логистика, како и безрезервна поддршка на секој меч, Комити со силно темпо продолжија да се борат за Вардар и по остварувањето на целта, а тоа е кам бекот во Првата македонска лига.

Него да одморевте со знамето?

Битка меѓу две скопски екипи од ваква важност да се игра во Кавадарци е апсурд по сите параметри. И коментаторите констатираа дека инфраструктурните капацитети на стадионот не задоволуваат за еден ваков натпревар. Причината е едноставна, знамето смета, не може да се гледа убаво на тв. Кај оди ултраси и камери на иста трибина?

Купи маица и помогни му на Вардар

Тетекс, Пелистер и Кожуф се последните три пресметки за Вардарци во беспоштедната, долгата и херојска битка која ја бијат за кам бек во прва лига. Комити ги одржуваат играчите финансиски во живот, а за саботниот меч против тетовчани организираат и акција.

Заедништвото на Вардарци и Комити во Охрид

И покрај тоа што Воска Спорт одлучи да ги затвори вратите за мечот со Вардар, сепак Комити го исполнија ветувањето и извршија инвазија во Охрид.

Порака од фудбалерите на Вардар до Комити

Воска кој е лидер на табелата во втората македонска лига, одлучи да не прима гостински навивачи за мечот против второпласираниот Вардар, кој е многу важен во битката за промоција во прва лига. Се игра во недела со почеток од 16 часот. Играчите и навивачите заедно се мобилизираат и се надеваат дека охриѓани ќе ја сменат одлуката.

Комити од Тумбе Кафе го најавија спектаклот во Скопје, реагираа и Чкембари

Навивачите на Вардар следната недела имаат јубилеен роденден кој ќе го прослават за време на македонско босанска пријателска пресметка. Ривалите се пофалија со нивниот транспарент.

Комити и Чкембари водеа војна на трибини преку пароли

Додека Вардар и Еурофарм Пелистер биеја тешка и неизвесна битка до последна секунда, многу важна и најверојатно клучна во борбата за титулата, по долги години ривалството меѓу Комити и Чкембари можевме да го видиме и на трибините во Боро Чурлевски, со навивање и провокативни транспаренти.

Се одјави Гокси - скопска легенда и еден од основачите на Комити

Еден од основоположниците на македонската тифо сцена, Горан Костадиновски - Гокси утрово на 51 година почина во Скопје. Беше меѓу основачите на навивачката група „Комити“ а подоцна и идеен творец на групата „Сити Парк Бојс“.