Таг: килијан мбапе

Овации за Зидан, свирежи за Мбапе

Килијан Мбапе немаше баш пријатен пречек на церемонијата за доделувањето на Златната топка во Париз. Мета е на големи критики од навивачите поради муабетите дека сака да си оди и плус го обвинуваат дека тој е виновник за лошата атмсофера во ПСЖ. На Зидан пак кој го доби признанието на Франс фудбал во годината кога Мбапе е роден, му го скандираа името.

Очајот на Мбапе против Данска во 15 секунди

Светскиот првак во последно време не изгледа на таков. По 6 кола има само една победа во Лига на нации. Синоќа загубија 2:0 од Данска, а Килијан Мбапе „се истакна“ со двата најлоши шутеви во кариерата, како и најлошиот дриблинг.

Генијална асистенција на Нејмар за мајсторски волеј на Мбапе

ПСЖ ја разби одбраната на Јувентус по само 5 минути игра, а главни на дербито на вечерта се Мбапе и Нејмар кои изрежираа акција која ќе се врти цела сезона во ЛШ.

Мбапе се посрамоти на празен гол

По трите убедливи победи со 17 постигнати голови, ПСЖ одигра дома само 1:1 против Монако и тоа се вадеше во 70-та минута со пенал. Меси и Мбапе во една иста акција ги изделкаа стативите, а Французинот имаше голема утка.

Тешко на играчите на ПСЖ ако Мбапе се лути зошто не му ја додале

Шампионите на Франција постигнаа вкупно 10 гола по првите две кола од новата сезона. Ама што фајде кога не знаат да се однесуваат шампионски. Најмалиот во напад почнува да глуми газда. На 23 години.

Шпанците направија драма во студио зашто Модриќ му го побарал дресот на Мбапе

Ако човек не разбира шпански, а на видеото нема превод на англиски, некој ќе помисли дека Модриќ го избодел Мбапе со нож. Па само музиката да ја чуете во позадина, смак света. Инаку случајот во шпанска серија го претвора водителов со мала помош на Гути, кој во еден момент се додава дека тој дрес треба да го запалат.

Моментот кога Ал Келаифи пред полн стадион соопшти дека Мбапе останува во Париз

Сагата со моментално веројатно најјакиот напаѓач во светот заврши уште пред да почне летниот период за трансфери. Килијан Мбапе го откачи Реал Мадрид. Ла Лига ќе го тужи ПСЖ.

Мбапе во соло продор, сам против никој

Не го оставајте дру пат човекот сам, бидејќи ќе направи поголема беља, а од тоа ќе загуби најмногу фудбалот.

Мајстор Килијан од место, оди фати му ја да те видам

Парижаните пукнаа петарда против Лил на гости. Конечниот резултат е 1:5, меѓу стрелците беше и Меси, а ремек делото на мечот го има Мбапе.

Рецептот на ПСЖ е Мбапе - Нејмар

Со Ди Марија и Икарди на клупа и Меси повреден, ПСЖ без проблеми го делка Бордо на гости и по 1 час игра има 0:3. Кога Мбапе асистира, а Нејмар погодува, тоа е убавина за гледање, а се случи два пати во првиот дел.

Момци отидов јас во контра со Мбапе и Меси

Во дербито на колото во Франција, во 57-та минута ПСЖ остана со играч помалку против Марсеј откако Хакими доби црвен. 15 минути подоцна силите на терен беа израмнети, а најхит ќе беше Лео да му ја додаде и овој да даде гол.

Што се плашиш бе Кили?

Како да не се плашам ми го дупна тапанчето. Ене го и Марко не слуша на едното уво. Тука ли се свири? Ехо има.

Немилосрдниот Мбапе им кршеше кичми на Германците

Никој после овие клипови нема да зборува за пеналот кој го промаши на крај, затоа што ПСЖ победи, Килијан даде гол во негов стил и ги вадеше од колосек противниците.

Тандемот Меси - Мбапе веќе на тренинг делува опасно

Се појави роденденска фотографија со ѕвездите на ПСЖ на која го нема Килијан, а се врти и муабет дека е опседнат со трансфер во Реал Мадрид. Ако не се случи тоа, тешко на дефанзивците и голманите кога ќе треба да го сопрат ова страшно дуо.

Како изгледаше првиот тренинг на Меси и дружбата со Серхио Рамос

Аргентинскиот великан веќе се запозна со клубот, со луѓето од управата, со навивачите, а конечно излезе и таму каде што најмногу сакаше, на терен меѓу соиграчите.

Мбапе должи телевизор во Кина

А што ви се криви столиците? Не е полесно да го треснете телевизорот од земја?

Пандев vs Мбапе на ЕП 2020

Селекцијата на Франција претрпе срамен пораз во осминафиналето, а една од најголемите разочарувања во нивниот табор е перформансот на Килијан Мбапе. На Твитер му пукаат сеир и го споредуваат со Горан Пандев.

Швајцарија го нокаутираше светскиот првак, Франција во аут после пенал рулет

Швајцарија поведе, имаше и пенал за 2-0 но промаши, па Франција направи тотален пресврт и кога изгледаше дека убедливо ќе слави, препотентноста им се одби од глава за сензација во Букурешт.

Гризман игра Менаџер со Њукасл, му кажува на Мбапе дека го купил на игрица

„Пет трофеи сум освоил со Њукасл. Пет!“ им кажува врвниот француски центарфор на колегите од репрезентација додека во авион ја игра популарната игра „Фудбал Менаџер“ 2021. Во еден момент му кажува на Килијан дека го довел во Њукасл. А овој му одговара: „Каде? Во Њукасл?! Не е баш топло таму, а?“

Коментатор на ЕСПН се опушти во пренос во живо

Човекот е 100% прав иако тоа не го изведе на префинет начин. За време на пријателската пред Евро2020 меѓу Франција и Велс, а која домаќините ја добија со 3:0 (Мбапе, Гризман, Дембеле), ѕвездата на ПСЖ во еден момент проба да изглуми пенал. Еве што имаше да му каже коментаторот од ЕСПН.

Мбапе во Кавани стил, штета

ПСЖ го одбрани трофејот во Купот на Франција откако во финале беше подобар од Монако со 2:0. Стрелци беа Икарди и Мбапе. Навистина штета што не влезе велемајсторијава на вториов.

Спектакл во Париз, Сити после пресврт го совлада ПСЖ

Второто полуфинале на најбогатите светски клубови понуди супер атрактивен фудбал. Домаќинот прв поведе во првиот дел и имаше контрола над мечот, а Сити сосема случајно израмни и во 7 минути направи целосен пресврт.

Денешното расположение на Мбапе

Прво правиш хет-трик против Барселона на гости и ја елиминираш, па во четвртфинале му даваш два гола на Баерн Минхен на гости и го победуваш. Па како сакаш да ти биде денеска?