Антонио Конте ниту со еден тим не поминал подалеку од четвртфинале во Лига на шампиони (Јувентус, Челси, Интер). На последните 15 меча во ЛШ, победил само на 3 а општата статистика во Европа му е: 12 победи, 11 нерешени и 11 порази.
Интер имаше зицер. Да победи дома против Шахтјор Доњецк и да чека Реал да ја совлада Борусија Менхенгладбах. И во Мадрид домаќинот глатко си води 2-0, а во 89' минута на „Џузепе Меаца“ Алексис Санчез со глава гаѓа кон голот на гостите, ама Лукаку на погрешно место во погрешно време.
Фудбалерите на Реал Мадрид и покрај двата порази од Шахтјор Доњецк во групата, успеа вечерва победи и да се пласира во следна рунда каде одат уште и Атлетико, Борусија Менхенгладбах, Порто, Сити, Баерн, но не и Интер.
Оваа појава е така честа ширум Европа, ноќта пред мечот ѓаволски да се буди противникот со топовски удари во ниедно време пред хотелот каде спијат, што чуди како досега никој не помислил да го обезбеди просторот околу. А во Менхенгладбах биле исплашени фудбалерите на Интер кои вечерва играат против Борусија во Лига на шампиони.
Интер синоќа стана еден од ретките клубови (АЕК, Борусија Дортмунд 2х и ПСЖ) кои успеале после 2-0 во Мадрид да му се вратат на Реал со 2-2. Ама не издржаа дечките на Конте и на крај изгубија 3-2. Еден од најубавите моменти на мечот беше асистенцијата на италијанскиот репрезентативец Николо Барела до Лаутаро Мартинез.
Вечерашниот германски стил на гостинско дробење, по Менхенгладбах го продолжи Баерн кој со 2:6 го сомеле Салцбург. Дури 4 им дадоа во последните 13 минути. Момците на Клоп испукнаа петарда во Бергамо, Интер без победа и по три кола, а Сити, Ајакс и Порто славеа како фаворити.
Со автоголот на Таљафико, Ливерпул славеше 0:1 во Амстердам, резултат со кој победи и Олимпијакос дома во 91-ва минута над Марсеј. Сити го доби Порто со пресврт, а Баерн и Аталанта решетаа. Интер само 2:2 против Менхенгладбах.
Фудбалот некогаш знае да ги пишува најубавите романи. Едно поглавје од оваа игра е посветено на животот и кариерата на две големи легенди: маестро Андреа Пирло и стариот волк Мирчеа Луческу, на времето ученик и учител.
Предовдени од ѕверот Златан Ибрахимовиќ, фудбалерите на Милан го победија Интер со 2:1, а меѓу подобрите на теренот во црвено-црн дрес беше и Португалецот Рафаел Леао.
На 17 октомври во 18 часот во рамки на 4. коло од Серија А се игра големото градско дерби Интер - Милан. Двата клуба во моментов статистички имаат најдобри резултати и најдолга серија без пораз меѓу сите тимови во Италија.
Интер го декласираше Беневенто на гости уште по првото полувреме кое го доби со 1:4, а момците на Конте се отворија уште во првата акција која почна со една фантастична дијагонала на новото засилување Коларов. Стрелец Лукаку кој даде два до сега.
За разлика од минатата сезона кога Конте имаше примедби до управата дека не ги добил бараните засилувања, овојпат Бепе Марота му ги овозможи искусните играчи кои дополнително ќе го продлабочат составот. Ако остане Шкриниар во тимот, Интер ќе биде сериозен фаворит за скудето.
Знаете ли дека поранешен соиграч на Христо Стоичков, сега е член на Интер У19? Како тоа? Епа така, кога место Livescore сте запнале да користите Rezultati.com.
Ќе речеш Супер куп е, не толку вреден трофеј, ама погледне ги овие имиња, навивачкото ехо, емоциите на коментаторот. Супер интересно дерби од супер возбудливи времиња за италијанскиот фудбал. Хајлајтс со многу драж.
Шест сезони, 0 настапи, два црвени картони. Ова се бројките на Томазо Берни, третиот голман на Интер од 2014-та којшто заминува од клубот на 37-годишна возраст.
Од прилично нејасни причини, тренерот на Интер речиси неколку месеци делува незадоволно, разочарано, депримирано, иако има годишна плата од 11 милиони евра и фантастичен буџет на располагање и освои две сребра.
Во лудо финале со дури 5 гола, фудбалерите на Севиља уште еднаш покажаа дека се кралеви на Лига Европа, натпреварување кое го освоија по рекорден 6-ти пат.
Хрватска стана светски вицешампион на Мундијалот 2018, а во генерацијата играа фудбалери чии животни приказни се фантастична подлога за добри филмови. Најмногу внимание би привлекол оној за животот и кариерата на Иван Перишиќ.
Во првото полуфинале од Лига Европа, Манчестер Јунајтед напаѓаше цел меч, но во финалето влезе Севиља која даде 2 гола од 3 шута. Во второто полуфинале немаше такво нешто: Интер го прегази Шахтјор со 5:0.
Фудбалерите на Интер се први полуфиналисти во Лига Европа откако со 2:1 го совладаа Баер Леверкузен во топ 8 фазата која се игра на неутрален терен во Германија без реванш. Лукаку стана прв играч со гол на девет меча по ред.
Август е месец кој потсетува на многу Супер куп соочувања, а едно такво се одигра токму на денешен ден пред 9 години. Протагонисти Интер и Милан во Пекинг со големи фудбалски имиња. Единствен кој и сега е во Милано? Ибра. Стрелец? Ибра. Man of the match? Ибра.
Човекот по природа е навикнат да им се диви на победниците, но понекогаш историјата на вечните губитници знае да биде интересна и не заслужува помало внимание.
Со два нови гола во Серија А, овојпат во убедливиот триумф на Милан над Сампдорија 1:4 на гости, Златан Ибрахимовиќ стана првиот фудбалер во историјата на миланските гиганти кој дал по најмалку 50 гола за Милан и за Интер.