И порано сме нуделе класификации на читачи, од мазохисти, хронолошки, книготерминатори, инфантилни, фетишисти. Врз основа на повеќе вакви предлог-поделби, Лаура Е. Кели направила детален инфографик, во кој можеби ќе се пронајдете.
За време на ланското финале од Лигата на шампиони на Твитер биле регистрирани 32.000 твитови во минута, но оваа сезона тој рекорд беше срушен со неверојатни 117.000 твитови во минута како реакција на последниот судиски свиреж. Овој и уште неколку други рекорди претставени на инфографикот на УЕФА.
Вака од уво, може да се каже дека македонскиот е прилично богат со зборови кои искажуваат чувства. На пример „сакам" може да биде и „имам мерак", „ќеф ми е" или „сакаааам!". Ама во некои јазици тие - зборовите и чувствата кои ги опишуваат - се поизнијансирани.
Затоа што луѓето не сакаат да читаат, а и сликите секогаш се поинтересни (плус целата равенка слика = 1.000 зборови), инфографикот се претвори во една прекрасна алатка за некому да му кажеш нешто што тој никогаш не би седнал да го прочита или не знаел дека го интересира.
Спортистите во САД за една сезона заработуваат повеќе од просечен Американец за цел живот, но сепак голем дел од нив ги губат парите. 60% од НБА ѕвездите банкротираат за 5 години, а кај НФЛ играчите оваа бројка изнесува 78%. На што тие ги губат парите?
Барселона и Кристијано Роналдо се најпопуларни спортски „брендови" на социјалните мрежи, а Роналдо и Меси се повеќе популарни дури и од своите клубови.
Лондон ги организираше едни од најспектакуларните Олимписки игри, но тоа задоволство да бидат домаќини на овој настан го платија скапо. Овој инфорграфик покажува колку чинеше Олимпијадата.
За време на Олимписките игри најмногу се пишувало за Болт, најинтересен спорт за дискутирање бил фудбалот, најспоменуван бренд бил Мекдоналдс, а најкористен телефон бил Самсунг Галакси С3. Инфографик за целосното претставување на Олимпијадата на социјалните мрежи.
Што добивате ако ги искомбинирате Олимписките кругови - секој симболизирајќи еден континент - со статистички податоци поврзани со различни теми, од економија до права на ранливи групи? Големи, средни и мали кругчиња кои нешто ни кажуваат.
Што се случува на интернетот во рок од 1 минута. На целиот интернет како платформа, од Твитер (100.000 твитови) и Фејсбук (684.000 шерови), до Вордпрес (347 блог постови) и Тамблр (27.700 постови).
Црвенкапа ја посетува баба ѝ од 1697, кога приказната за неа и волкот била објавена прв пат во француска антологија на детски приказни. И во оваа, од 21. век, таа го прави истото. Ама не е баш исто.