Таг: еп 2016 франција

Светскиот првак ја преслуша Украина

Со головите на Мустафи и Швајнштајгер, селекцијата на Германија славеше против Украина во вториот меч од групата Ц, каде денеска и Полска стигна до бодови. Украинците пружија отпор, но немаа гориво за повеќе.

Милик ја реши Северна Ирска

На стадионот Алијанц Ривиера во Ница, фудбалерите на Полска и Северна Ирска го одиграа можеби најдосадниот натпревар на досегашните шест на Еврошампионатот во Франција. Младиот напаѓач на Ајакс стрелаше во второто полувреме за победа на Полска.

Еврогол на Модриќ за триумф на одличната Хрватска

На Паркот на Принцовите Хрватска ја совлада Турција со 1:0. Коцкестите одиграа одличен меч, имаа посед на топка, три погодени пречки и доминираа во текот на сите 90 минути.

Што работел Димитри Паје пред 11 години

Францускиот репрезентативец кој ја крена на нозе својата земја со голчиште во 89-та минута против Романија и им го разубави отворањето на Европското првенство, во 2005-та бил член на Нант, но истовремено диплел и алишта во бутик.

Русија ѝ скина бод на Англија во 92-ра

Капитенот на руската фудбалска репрезентација, Василиј Березуцки ја натскока англиската одбрана и во самиот финиш успеа да ја спаси Русија од пораз. Голот од слободен удар на младиот Ерик Даер од Тотенхем, падна во вода. Тепачките од улиците во Марсеј продолжија на трибините.

Мајсторски гол на Бејл, победа на Велс

Во третиот интересен и неизвесен меч на ЕП 2016 видовме ново голчиште, овој пат дело на вториот најскап фудбалер во историјата. Словаците успеаа да израмнат и да го направат возбудлив натпреварот кој на крајот заврши 2:1 за Велс.

Пораз на Албанија на дебитантскиот настап

Вториот натпревар на Европското првенство 2016 се одигра во Ленс. Швајцарија со 1:0 ја победи Албанија која од 36. минута играше со играч помалку после вториот жолт картон на капитенот Цана. Сега во групата по три бода имаат Франција и Швајцарија, додека Романија и Албанија се без бодови после првото коло.

Домаќините се извадија со голчиште во 89-та минута

Селекцијата на Франција не покажа многу на отворањето на Европското првенствено пред своите навивачите. Оливер Жиру со елементи на прекршок го отвори резултатот во 57 минута, по 8 минути Богдан Станку израмни од пенал, а Димитри Паје со фантастичен погодок стрелаше за победа.

11 правила за жените за време на Европското

Имаме ние верни читателки на Офсајд кои сме сигурни дека вечерва во 21:00 ќе пуштат на прва, али за секој случај за тие што не знаат, има работи кои треба да се почитуваат во следниве 30 дена барем три пати на ден, од 15:00, 18:00 и 21:00 часот. Еве репризи нема да гледаме.

Четворица можеа да ја изберат Македонија, но избраа друго

На Европското првенство кое почнува вечерва од 21 со мечот Романија - Франција, над 166 фудбалери можеле да бираат за која земја ќе играат поради тоа што родителите или бабите и дедовците им мигрирале во други држави и стекнале услови за државјанство. Со клик на мапата, а потоа и на секоја земја може да видите колку играчи можеле да одберат друга репрезентација. Кај Франција од 23 репрезентативци, 15 имале право да играат за друга земја, а македонскиот дрес бил алтернатива за: Емре Мор (клуб Дортмунд/ репрезентација Турција/ по баба Македонец), Блерим Џемаили (Џенова/Швајцарија/Боговиње, тетовско), Адмир Мехмеди (Б. Леверкузен/Швајцарија, Гостивар), Насер Алији (Базел/Албанија/Куманово).

Кога фаворити ти се јагнето и прасето

Видеово е старо, ама може да го прогласиме за актуелно на секои четири години. Следното прашањето на новинарката за момаков од лево требаше да биде дали за така убаво мезе чека по четири години?

Северноирскиот Варди кој работел како поштар ќе игра на ЕП

Пред четири години Конор Вошингтон разнесувал пошта во рани зори, а сега ќе биде еден од главните играчи на Северна Ирска на Европското првенство.

Играј Типстер за гратис летување, таблет и патики

Драги Типстери и Типстерки се ближи крајот на третата сезона на играта каде без да одите во зијан како во кладилница, може да стигнете до фини подароци. Европското првенство во Франција ќе ви го направиме уште поинтересно.

Кумановец, Тетовец и Гостиварец ќе играат на Европското

Во сабота три часа после пладне, на стадионот Болар-Делеи во Ленс ќе се игра вториот меч од ЕП меѓу Албанија и Швајцарија. Од 22-ца на теренот, хипотетички е можно само тројца да се родени во земјата за која играат.

Скржави Чеси, возбудени Унгарци и финале со Јапонци

Сајтот за резервирање на хотели Trivago ги анализираше детално пребарувањата на интернет на навивачите кои планираат да бидат во Франција за време на Европското и стигнаа до 10 заклучоци.

Нема ИСИС, има хулигани

Околу 200 англиски хулигани доцна синоќа го иритирале локалното население и полицијата со скандирања: „Исис каде сте“? На нередите полицијата одговорила со два солзавци, двајца Англичани се повредени а неколку приведни. Имало неколку тепачки меѓу навивачи на Марсеј и англиските хулигани кои го повторија сцените од пред 18 години на Мундијалот.

Екселот што го баравте за ЕП 2016

Како што беше редот за Светско, така и за Европско првенство го објавуваме целиот распоред на натпревари кои почнуваат денес, а завршуваат на 10 јули за кога е закажано финалето.

Сè што треба да знаеме за стадионите на Европското

Европското 2016 ќе се игра на 10 места ширум земјата. Франција потрошила околу 1,6 милијарда на изградба на пет нови и реновирање на веќе постоечките стадиони. Единствено Стад де Франс остана негибнат, а на него ќе се отвора и затвора првенството.

И Ајфеловата кула фати на жонглира

Дека децава денеска ќе трчаат шпринт од школо до првото слободно игралиште, тоа е точно, распуст им почнува и не ги замарајте три месеци со учење, ама 10 јуни ние го чекавме со душа за нешто друго. Домаќинот Франција вечерва од 21:00 отвора против Романија. Се загрева и Гугл за спортскиот настан на годината.

Фудбал во фан зони да, во кафулиња не

Француските власти направија ригорозен чекор кој ќе треба да се почитува за време на Европското првенство, а на кој се очекуваат многу негодувања од угостителите.

Стари на млади, кој би тепал?

Од вкупно 552 играчи кои ќе се појават на Европско, УЕФА ги состави најдобрите два тима. Едниот со фудбалери до 21 година, а другиот со над 35 години. Можност плус да видиме кои таленти треба да блеснат, а кои ветерани веројатно ќе се простуваат од Еврошампионатите.

Планината до Роналдо: Пази што правиш против Исланд

Исланѓанецот кој се прослави со улогата на Грегор Клигејн „Планината" во Игра на тронови, изјави дека ќе го претепа Кристијано Роналдо доколку даде гол против неговиот Исланд на Европското на 14. јуни.