Таг: 18 век

„Декоративни испосници“ - чудната мода на богатите земјопоседници

Не станува збор за онакви декоративни гипсени статуи кои се ставаат по дворовите во форма не лебеди, џуџиња и што уште не. Ова се живи луѓе кои требало за одреден надомест да се согласат да живеат изолирано на имотите на богатите. 

Приказната за првата поп ѕвезда на светот

Кога ќе се каже „поп ѕвезда“ обично пред очи доаѓаат Боуви, Принс, Адел. Соло изведувачот и композитор, познат по своите мелодии и стихови, е столбот на популарната музика. Прв, или меѓу првите такви во светот бил човек чие име денес е подзаборавено.

Лаура Баси - првата жена на светот вработена на универзитет

Иако одреден број жени можеби се занимавале со наука или филозофија, до 19 век на мал број од нив им било дозволено да учествуваат во работата на академските институции и научните друштва. Меѓу нив била физичарката Лаура Баси.

Восочни чуда: жената од 18 век која изработувала совршени анатомски модели

Во 1762 една госпоѓица му испратила на данскиот крал необичен подарок - совршено прецизни восочни модели на човечки органи.

Кога издавачите го пиратирале Волтер (а и тој самиот себеси)

Нова книга под наслов „Пиратирање и издаваштво: трговијата со книги во добата на просветителството“ од Роберт Дарнтон, раскажува за начинот на кој функционирале овие бизниси во 18 век. Не само што издавачите пиратирале, а книжарите биле соучесници во истото, туку некои автори се пиратирале и самите себеси.

Минијатурните насликани „очи“ кои ги разменувале љубовници од 18 век

Биле наречени „очи на љубовниците“ и се разменувале помеѓу парови во Британија во втората половина на 18 век. Од денешна перспектива делуваат троа морничаво, но да се добие ваков подарок значело дека работата е за сериозно.

Цијанометар - алатката измислена во 18 век за мерење на синилото на небото

Не бил нешто посебно корисен, ниту пак се одржал долго време во историјата на науката. Сепак, има нешто поетско во тоа да се искачиш на Мон Блан за по пат да ги бележиш сите нијанси небесно сина, и на тој начин да го измислиш цијанометарот.

Мачорот кому еден англиски поет му посветил верска химна

„Џефри: поетовата мачка“ на Оливер Соден е поглед на животот на англискиот поет Кристофер Смарт, но низ очите на неговиот жолт мачор.

Тоалети дизајнирани како книги

Знаеме денешни ВЦ-иња во кои има цели библиотеки полни списанија, па и со по некоја книга. Ама дизајнерите од 18 век или имале уште поголема почит кон пишаниот збор, или обратно, многу добра смисла за критика.

Пиење чај со кауза

Во Британија во 18 век (и не само тогаш) жените биле обвинети дека го трошат домашниот буџет на глупости, купувајќи порцелански чајници, и организирајќи чајанки за да си оговараат со пријателките. Овие го возвратиле ударот - го претвориле вообичаениот ритуал во политички чин, борејќи се против ропството.