Русите покажаа како изгледаат рововите што ги имаат ископано на фронтовските линии во Украина. Нормално не им се сите ровови вакви, и нормално овој служи и за деморализирање на другата страна. А изгледаат подобро веројатно од домовите на добар дел од војниците сместени во нив и како Русите уште долги години да не планираат да мрднат од нив.
Како членка на НАТО Украина станува една од земјите во светот која не ги освојува своите соседи и на тој начин Русија и нејзината територија се безбедни од евентуална идна окупација од страна на Украина. Барем Зеленски така гледа на работите.
Градот кој до 2016 го носеше името Артемовск, е еден од градовите на Украина кои војнава неколку пати ги сменија газдите. Моментално се под украинска власт, што подразбира дека и украинска војска е заглавена во рововите околу градот. Не на нивно големо задоволство. Снимките од рововите што доаѓаат од таму се како од сценографија за филм од Прва светска војна.
Војната во Украина изминативе месеци и нема некои херојски битки гради во гради туку главно се троши артилериска муниција, а и така се гине, во ров, од проектил што, за разлика од војников, не си го чул или касно си го чул.
Ретка снимка од дрон од директен судир и операција за освојување и чистење ров во Украина. Војници наредени како ПЕЗ бомбони, ни лево ни десно, само напред, само на нишан. Ништо повеќе смелост да се влезе во ровот, ништо помалку смелост да се брани ровот.
Сценографијата на двете прослави беше упадливо различна, ама крајната порака беше копи/пејст. Ветувањето и на Путин и на Зеленски е дека победиле тогаш, и дека ќе победат и сега, ко па да може да има некоја вистинска победа.
1 март 2014, Русија и Украина се уште се во првата војна, а Зеленски се уште е само актер. Пет години пред да стане претседател Зеленски ги повикува Јанукович и Путин да се вразумат и да ја решат ситуацијата без повеќе жртви. Во ова време се случуваат две работи: Русија почнува со анектирање на Крим, а Украина го укинува законот со кој рускиот јазик беше прифатен за регионален.