После 5 одиграни рунди веќе знаеме повеќе од пола патници во нокаут фазата - 9 екипи кои обезбедија пласман. Четири тима се сигурно први и ќе имаат предност на ждрепката за 1/8 финале.
И без Меси и Френки Де Јонг кои Куман реши да ги одмори, Барса убедливо го победи Динамо во Украина. Манчестер му се одмазди на Башакшехир за поразот во Истанбул, а ПСЖ до крај ќе води битка да помине група.
Фудбалот некогаш знае да ги пишува најубавите романи. Едно поглавје од оваа игра е посветено на животот и кариерата на две големи легенди: маестро Андреа Пирло и стариот волк Мирчеа Луческу, на времето ученик и учител.