Европската ракометна федерација објави гол со кусо објаснување дека секоја секунда е важна, а за пример го даде еден од најдобрите десни бекови во светот, Кире Лазаров кој ладнокрво го реши мечот против Украина на ЕП 2020 кое се играше во јануари.
И покрај тоа што во Србија до денес на пладне се регистрирани 31 случаи позитивни на Ковид-19, српската влада долго време беше на ставот да нема публика само во затворени места (сали), а попладнево одлучи да се игра и фудбал без гледачи.
Заразени се по еден кошаркар на Јута и Реал Мадрид, и по еден фудбалер на Јувентус и Сампдорија. Фудбалот го стопираа и во Шпанија, а кошарката во НБА и Евролига. Кај нас од денеска прекинуваат фудбалските и кошаркарски првенства. УЕФА конечно гукна и најави одлука за ЕП 2020.
Како ретко кога во изминатите 15-ина години, македонските ракометари нè оставија без подолго уживање во нивните настапи. Испаднаа рано, ги елиминираа, а нам ни остана да се сеќаваме само на голот на Лазаров против Украина.
За четири месеци полни 40 години, ама Лазаров мува не го лази и на ракометот му се дава како да е меѓу најмладите. Ти го мислиш е пред пензија, а тој скока како да е на федери.