Фудбалската сезона во најдобрите европски лиги заврши, па време е за мала рекапитулација на состојбата во Англија, Шпанија, Италија, Германија, Франција, Холандија, Русија, Белгија, Турција, Португалија и Украина.
Во повеќето лиги од континентот завршија првенствата, се прославија шампионски трофеи, се пиеше и веселеше по цела ноќ. Некој репризираа прослава од лани, а некои после години и години му се израдуваа на златото.
Лузната кај горната усна му стои од четири години кога паднал по скали со чаша сок. После неколку години скршил нога, неправилно му зараснала, па морал одново под анестезија. Бурната младост без татко го направила посилен и еден од најдобрите европски напаѓачи.
Со неговите дресови играат најсиромашните деца во Африка, за него Гвардиола кажа дека е најинтелегентниот фудбалер што некогаш го тренирал, а на неговата слободумност и поимање на демократскиот свет се поклонија и великаните на Баерн Минхен.
Јулиан Нагелсман сезонава е најјаката фаца меѓу тренерите во Европа. Врсник е со Лионел Меси, но веќе покажа капацитет за тренирање како да е 20 години во кариера. Германците ја препознаа неговата одлично извршена работа.