Новото натпреварување на УЕФА се испостави како интересен турнир во кој видовме многу занимливи средби, голови, пресврти и необични епилози. Некој на крајот се радува, а некој ќе чека шанса преку традиционалните квалификации да обезбеди пласман на Европското 2020.
Ждрепката за Лигата на нации на УЕФА ќе се одржи на 24. јануари во Лозана од 12 часот кога Македонија ќе ги дознае датумите на одигрување и противниците.
УЕФА и официјално го најави новиот проект кој практично ќе биде замена за пријателските натпревари и шанса за помалите земји да обезбедат пласман на Европско првенство. Стартува во септември 2018-та, а завршува во јуни 2019-та.