Во четвртата емисија на новото подкаст шоу, гостува златното македонско коментаторско грло без кој не можеше да пројде ниту еден голем настан од минатиот век. На линковско вклучување се појавуваат Игор Паневски од Доха и Оливер Бранковиќ од Белград.
Како млада и тазе држава по распадот на Југославија, Хрватска одигра историски Мундијал во 1998 и го освои третото место. Впечатоците од тие незаборавни мигови ги раскажуваат Игор Штимац и Ѕвонимир Бобан.
Само неколку дена по судискиот гаф во Серија А кој го обиколи светот и доведе некои федерации да забрзаат со воведување на полуавтоматски офсајд, сериозна грешка падна и во Лига на шампиони.
Во натпревар од 1/8 финале против Полска, Килијан Мбапе направи шоу: му асистираше на Жиру, а во вториот дел даде и два убави гола, со што стана прв фудбалер кој постигнал 9 гола на Светски првенства до 24 години.