Триесетте продолженија на популарниот детски серијал „Дајте музика“, како и минатата сезона, изобилуваа со забава, дружење, перипетии, детски интриги, радости, разочарувања и разни негодувања.
Дружењето, патувањата, гушкањето со другарите и со другарките, концертите, насмевките без маски, а, неверојатно но вистинито, дури и училиштето се дел од нештата кои им недостасуваа не само на јунаците од популарниот детски серијал „Дајте музика“ туку, веројатно, и на сите луѓе на планетава во 2020 година.
Возејќи кон Музејот на Град Скопје не можеш, а да не ја забележиш огромната видео проекција на целата катна гаража Македонска Фаланга. 40 ГОДИНИ PEPSI ВО МАКЕДОНИЈА се анимира на фасадата во препознатливите Pepsi бои. Во истиот момент и небото над Скопје се обојува во сино, поради спектакуларниот огномет од врвот на зградата. А таму горе, Прилепска Пиварница прославува два исклучително значајни јубилеи за компанијата и нашата држава – 40 години Pepsi и 95 години Прилепска Пиварница во Македонија.
Успешните и самостојни жени кои ја користат моќта на убавината за да ги мотивираат другите околу себе да бидат исто толку успешни, се носечката идеологија во работењето на козметичкиот гигант AVON која компанијата ја наслови како „Убавина со цел".
Компанијата го прослави 10-годишниот јубилеј од отворањето на канцеларијата во земјава, а одговорните посочија дека нивна задача не е само да продаваат производи, туку да ѝ овозможат на секоја жена да го покаже своето најубаво лице.
Порта Македонија, паркот Жена Борец и улицата 11 Октомври во саботата вечер беа претесни да ги соберат сите фанови на Каролина, Северина и Дејвид Моралес. Телеком ја вети најголемата забава во градот и го исполни ветувањето.
Македонската ѕвезда Каролина Гочева потпиша договор за соработка со козметичката компанија Авон Македонија како нејзино заштитно лице за периодот септември 2015 септември 2016.
Групата за поддршка на лицата што живеат со ХИВ во Македонија - „Заедно посилни", која работи во состав на здружението на граѓани ХЕРА, организира Кампања за солидарност и поддршка за лицата што живеат со ХИВ по повод Светскиот ден против СИДА, 1 декември.
Уредничка забелешка: Писмово можеме да го насловиме и како "Писмо на пријателки (роднини, вотевер), кои сакат да и учинат на една млада девојка која пее, па маскирани во објективни посматрачи ни пратиле писмо со бомбастичен наслов Македонската естрада ЗАНЕМЕ на концертот во Струмица!!!". Ако бе луѓе, фин гест е тоа, да напраиме ќеиф (а и малата ич не пее лошо). Во продолжение писмото и причината за "занемувањето" и "шокот" во Струмица: